второто ми е многу светликаво, така да јас би рекла не, третото би те направило подебела претпоставувам, пошто многу е широко кај задникот, а горе долу ептен тесно(не сакам такви фустани-ниту светливи, ниту со таква форма), па затоа ќе речам првото, иако ми изгледам малку светликаво на сликата, сепак ми е малку подобро од другите 2, ама сепак би рекла, кое што ти го сакаш тоа најдобро, ако ти не се чувствуваш удобно во него, што ти е гајле другите дали го сакаат или не, сепак тоа е работа на вкус
Фала на Барби, Бланка и Кикето, ама денеска кога појдов уште еднаш да се пробам сите три продадени. Така да, пак ќе треба да барам нешто...
Веќе кажав во темата Фустани, каков планирам.. Само некоја друга боја. Се мислам помеѓу љиљакова и црна, бидејќи имам во план доле да носам штикли,со љиљаково тигресто. Незнам што да си најдам друго.. Дека сум малце полничка, не ми стојат секакви фустани... Имате некоја идеа?
немам ништо испланирано ама ако излезе нешто во последен момент ке одберам нешто што имам а не е износено. Не сакам да купувам фустан специјално за таа намена зашто знам дека нема да го носам А за нешто црвено што зборувате прв пат слушам, ако стварно носи среќа и бериќет тогаш црвена ќе биде долната облека
Јас ќе носам едно сиво плетено фустанче , со црни хеланки и црни чизмички , и едно црно капутче , а на косата едно сиво венче со голема црна машничка Од бижутерија , сиви обетки со црни ѕвездички И една нова ташна од Calliope
Ова! Само еднаш ми е облечено,а ми го пофаливте овде дека е убаво Искрено и мене многу ми е убаво,ненападно...Така да,ништо ново не купувам,ова ќе го носам
Уште не знаеме каде ќе летнеме, ама ќе си го носам она што го носев на веридбата, секако само еднаш ми е облечено.
Планирам да носам црвено фустанче, мислам дека бојата одговара за новогодишната ноќ Фустанчето изгледа вака само што е црвено ќе го искомбинирам со црни чизми и црн накит.
Нешто во што ќе се чувствувам пријатно и удобно. Планирам да си купам едни убави квалитетни чизми, кои ќе си ги носам и понатаму, не one night wonder стварчиња. Одамна научив дека за Нова година треба да се купуваат пофункционални работи, а не нешто кое ќе ми виси во плакар и ќе собира прав. Ќе биде секако црно. Јас повеќе се занимавам со обетки, шминка и коса во секој случај.
Планирам да си шијам нешто, ама немам идеја што Дали може некој да ми предложи црно кратко фустанче за неполни 14 год.
Mногу добар избор на фустанчиња И мислам дека тука нема правило, според мене можеш што сакаш да носиш, само да биде убаво искомбинирано
И покрај сите мои напори да си седам дома сепак не издржа срце јуначко. Инаку јас си купив црно плишано фустанче, исто вакво моделче ко првото. Од накит имам едни поголемки сребрени обетки со кристалчиња низ нив, а косата сакам да ја правам на големи кадрици. Ништо комплицирано, секоја година сакам да бидам во вакво нешто и секогаш носам нешто друго. Оваа година конечно си го најдов