Цаки, мене најмногу ми се допаѓа ова на линков што го оставив. Само таа панделката многу е долга некако...
Јас за дочекот на 2011 година си купив фустанче сиво со црно како тиролка и ке го комбинирам со салонки некои црни,дебели хулахопки и накит нешто обавезно.
Нешто од она што веќе имам во плакар. Ќе си штедам за добар шопинг во Солун Сепак задолжителна ќе биде секси долна облека, која патем треба деновиве да ја набавам
јас планирам да носам некоја туника и хеланки или пак нешто друго што ќе ми падне на ум другиве денови
затоа што ќе бидам со друштво во крушево во викендичка и нема да излегуваме никаде така да ќе носам хеланки и туника некоја дебела со голема јака или пак фармерчиња и џемперче
Еве некои примери што можеш да си сошиеш како за твоја возраст. Но...И покрај се` останувам на идеата дека не треба да се замараш со тоа што ќе носиш,да даваш толку многу пари на облека и слично
Новогодишна облека Пинк, за шиење ти се најлесни овој тип на фустанчиња. Не бараат многу време, а лесно се прават. Секоја шнајдерка ќе ти го направи во најкраток можен рок!! Плус ти си уште девојчица, па можеш различни материјали да си одбереш. Најубаво би било, долниот дел што е како сукња да е цветен и шарен, а горнот дел едноставен и едносбоен.
Новогодишна облека Фалаа ви дечкии... Откажа планот од шиењето затоа што случајно го здогледав најслаткото фустанче.. малку поскапо ме чинеше, ама нема врска
Здраво девојки! Ми треба совет...со друштво планираме на 01.01 да одиме во колосеум на журка па ми треба совет како да се облечам,дали нешто поопуштено или??
Јас, бидејќи ќе бидам дома, планирам дечко ми со вакво нешто да го изненадам. И ќе му спремам уште некои попатни работи Па треба нервозите да му се исплатат нели
Дома ке сум си така да онака во тренерчиња ке си ја дочекам...а после 00:00 ке идам да посетам некои личности така да сигурно ке се најде нешто убаво за облекување...не планирам да трошам пари за оваа "посебна" ноќ...Парите ке си ги зачувам и ке си купам нешто паметно и корисно за после Нова Година
Јас ќе славам во домашна атмосфера вечерта, а дента може да се помине низ кафичине ни наши Зашто ќе биде домашна атмосфера со блиски другарки и другари, мислам дека нема потреба од форсирање на настанот . Планирам да носам шарени хулахопки, чизми до над колена и едно црно туниче кое е кратко и со ролка ....На шминката ќе и посветам внимание, зашто сепак е НГ (нема смисла без ич) хаха, а и ќе заборавев..........црвен долен веш ( викаат среќа во љубов носел, па ај да ја предизвикаме)
И што дека носев црвена танга минатата Нова Година, баш ми беше катастрофа годинава на љубовен план Оваа нова година планирам да ја преспијам освен ако не испадне нешто у последен момент и пижамчиња ќе носам!
Не е ич тајна Си го земав од Штип сосем случајно,бутикот доаѓаше некаде позади трговски еден и јас слабо го знам, дека не сум од таму. Ама можам да ти прашам за точно име и кај точно се наоѓа,ако си некаде близу. А 1300 ден е.
Ќе си фучам во еден little black dress, совршен е, го имам носено 2-3 пати, многу едноставен и удобен. Тој ми е што би рекла баба "стојатен" за свадба, погреб, итн... Мала (морбидна) шала Имам нови чизми некако успеав да купам и обетки. Тоа и ми беше важно, другото помалку или повеќе - е сеедно. Важно ми е со кого ќе ја дочекам, а не во што. И да - има деколте и подвезици ќе си носам, па после ќе го кренам фустанчето на само, пред дечко ми