Имам листа за претстојнава сезона. Нешто веќе и почнав да исполнувам 1, Црн капут. Нов после долго време 2, Кафеав капут подолг 3, 4 зимски дебели џемпери 4. Црни чизмички до глужд 5. Зимски фустан 6. Чизми со змиски принт 7. 2 ташни 8. Сиви фармерки 9. Волнени панталони
1. Високи црни чизми до колена 2. Кратки црни чизми до колена 3. Џемпер во жолта боја 4. Кошула во портокалова боја 5. Кошула црно бела 6. Некои зимски дебели блузички 7. Црна ташна
Какви се тие кратки црни чизми до колена Дримке? На темата, јас моментално планирам една нарачка од BeautyBay, воглавно производи од Mario Badescu. Сакав и од The Ordinary ама гледам се истрошиле, па тие ќе треба да ги порачам од нивната страна. Од облека, сакам тенко плетено фустанче со ролка, должина малку над колена. Може жолто, темнозелено, кафено. Сакам и некој долг лелеав фустан со интересен принт, но немам најдено ништо слично, освен еден што беше прескап. И едни црни chelsea чизмички, кожни, по можност со патент. Треба да тркнам до Пеко деновиве
1. Чизми до колена 2. Ташна (со боја како чизмите но немам одлучено каква) 3. Капут 4. Фармерки 5. Џемпер
Провери на али експрес, таму гледав пред неколку дена, само јас ќе пребарам низ бутици од понеделник, зашто видов една девојка низ град во ист таков (не сакам за викенд, има многу гужва).