Врска немам. Имам толку многу работи на ум, што дури на ниту една не ми текнува конретно да кажам. Еве, прво шт ми дојде на памет, а што одамна го мислам и никако да најдам модел што мене ми се допаѓа - сукња со тул. По можност со снежно бела боја, ама нормално да не дава некој невестински шмек.
Охооо, ако почнам да набројувам, 100 страни ќе наполнам во темава Всушност, јас речиси никогаш не планирам што да купам, туку ако здогледам нешто што ми се допаѓа, го купувам. Не му ја мислам ич (ова ако имам пари де) Мислам, нормално дека некогаш има работи што сум наумила да ги купам, ама не се водам строго по тоа. И да тргнам по едно, ако здогледам нешто друго што ми се допаѓа, ќе го купам второто и пак ќе си останам без замислата. Impulsive shopper Не, шала на страна, сега периодов ми требаат два-три пара панталони до глужд, за со салонка, за на работа. И неколку маички за под сако не би било лошо да прикупам, а во план ми се и патичиња (се` додека не видам некоја добра салонка, па наместо со патики, да завршам со уште еден пар чевли во плакарот ) Немам ред, значи стварно немам
Планирам да си купам фармерки, блузички со кратки ракави, патичина, сако ми е желба голема... ајде се ближи пролетта мора нешто ново!
1. Балетанки и штикли Спојлер планирам од пазарот или од Шпанската продавница поевтино е де, а исти модели се како и во скапите бутици 2. Црн плик 3. Кошула 4. Моливче за веги
Чекај да отворам списокот си чувам список у пц, и кога ќе купам нешто го бришам епа вака : - патики - балетанки - кошула - сако - маскара ( имам, ама сакам друга ) тоа е сега за сега, ама ќе ми текне уште нешто , сигурно
Пудра, пошто бев толку паметна и си ја згрешив бојата на Ревлончето , бронзер, четка за камена пудра, маскара, коректор, руменило розево и многу други работи.