денес не ми се иде апсолутно никаде затоа ќе си седам домче, па може ќе направам и некои обетчиња, а плус долго се наканувам да ги сликам и да ги објавам тука и уште ако со малку среќа останам сама дома ќе се изнаденсам
Денес планирам да се изнаиграм на компјутер, да се изнаспијам, да се истуширам и да го избркам грипов од мене..Чаеви 100 ако треба ке испијам ама на екскурзија ке одам :evil:
иако сум невработена, и имам повеке време за разлика од вработените, времето ми е организирано(помагање по дома, постојано наваму натаму по интервјуа, на курс по албански, на конверзајшн во американското катче,и други активности ретко да препуштам на случајности и не паметам кога последен пат сум кажала дека ми е досадно
Бидејќи времево е преубаво и се очекува убав ден, се договоривме со друштво да фатиме накај Марков Манастир, па таму да си направиме скара покрај Маркова река
Планирам да ги издржам наредните 7 часа машки И откако ќе пројде секојдневата обвска да се фрлам во викенд уживање! Си планирам вечер да се дотерам (во новото фустанче кое 2 викенди само виси на закачалка),да се нашминкам кејфски и да си излезам расположена а да се вратам пијанка! Ми се пие винце и вечер планирам да си ја почестам душичката со доволно количество за опуштена атмосфера
Денес не сум на работа,па си се излежавав докај 10ипол,сега си направив топло нес кафенце,па ќе го чекам либето од работа да одиме некаде на ручек-некаде на сонце ако не го снема дотогаш,па планирам да прошетам до веро-до њу јоркер уште немам купено фустанче а утре сум на свадба ,а потоа вечерта да продолжам на некој пијалок две,на ул.македонија,незнам зошто таму ми се приседе
Денес планирам многу работи Имам многу работи да завршам попладнево, бидејќи денес сум слободна, прво да ги завршам домашните обврски, потоа следува учењето и на крај после 17 часот ќе дојде време за релаксација и прошетка...
Денес веќе почнав со моите планови. Ставив за перење, усисав, измив садови. Намеравам да си ја средам гардеробата малку, да сокријам зимските кондури и да ги извадам преодните па и летните чевличиња. Намеравам да перам. Да шетнам и да си купам карта. Да се спремам. Да се пицнам. И да одам на журка
Да средам низ дома, прашина да избришам, има нешто за пеглање, да и помогнам на мама колку -толку , па да седнам да учам малку, после се пакувам и бај бај Скопје
Какво што е времево ништо не планирам,едноставно ке пуштам музика малце Kings of Leon и ке легнам да се опуштам
Планирам малку да средам низ дома, да исчистам. Потоа ќе легнам и ќе се опуштам, може ќе прочитам нешто и така.
Кога си на работа што можеш да планираш ... освен да ги разгледам , завршам , потпишам , испратам овие куп хартии пред мене . Ако не ме фати мрзата Ама како ми тргна работава... еее блазе мене ќе ги завршам