Од вечерта планирам што ќе правам следниот ден, и тоа точно си испланирам од колку до колку часот што ќе работам. За денес одлучив да се отспијам до касно, да станам и да се поставам пред компјутер (секако дека пред тоа следи ритуалоит на миење заби, лице, доручек...) потоа да ручам, и почнувам со учење. После учењето ќе прошетам, и потоа дома, и на спиење (морам барем денес рано да си легнам, да се отспијам) Половина од планираното реализирав
Да бидам ,, вредна домаќинка,, Исчистив и зготвив, сега малце релаксација на фемина па вечер сигурно ќе шетнам некаде!
Денес после работа имам испланирано со другарките да одиме на викенд на едно планинско место "Сувилк"па да се изралаксираме од напорната работна недела........ајде кој сака да ни се придружи,местото се наога неколку километри од Струмица
Па... планирам да си се скоцкам и да си излезам, со школската да си се видам. А вечер... епа пак ќе мора да учам, да
Сега ќе јадам, ќе поучам, ќе идам во град ии на крајот на денот кога ќе се вратам, едно епизодиче од The Vampire Diaries
Вечер па....прво да одам да завршам некои обврски...дома на туширање...и кај дечко ми..малку спиење кај него и домааа
Ќе одам на факултет да видам за полагање списоци иии да си ги видам колегите ако има некој па после тоа цел ден дома на учење
ајде кој сака да полагаме ликовно сега за некој саат а после ке пречекувам гости, а после на учење, зашо среда пак полагам...и тооо
Имам планер, се водам по него. Не сакам спонтани случки, неорганизираност и неред во текот на денот. За денес ми стои: -да симнам песни за на работа што ми почаа -да снимам видео и да се спремам -да одам на роденден и да се обидам да не сум намќореста цела вечер од умор -да се вратам дома и да репам што ќе носам утре на работа -миење шминка, читање книга, форум и кревет.