денес ќе одам да и помогнам на една другарка да сервира за името на нејзиниот сопруг денес ќе бидам вреднааааа
денес планирам најмногу да спијам,денес сум слободна значи не работам,цела ноќ јас ја поминав на нет е сега ке си дојде либето од работа (вреден тој на мајка) едно добро кафе ке му ја тркнам до пошта да купам тикет со код за да имам на ставето пари за спорска пишам утакмиците на тикетот и бум во кревет не планирам да станам порано од 15ч....таман кога ке станам да видам дали сум добитна,па да замесам тесто овој мојот дечко преку три дена се пица сака за ручек
Денес очекував интересен ден,испадна поинтересен од очекуваното,иако беа само вообичаени настани. Ме разбуди другарками рано,се спремив за прв пат за неверојатни 40 минути,и отидовме да го фаќаме последното сонце на ул Македонија.Се бизнисмени и бизнисменки околу нас и ние Фино се расонивме,па продолживме на доручече.Оттаму продолживме на факултет кај мене,да земам некои материјали,и со најголема брзина си отидовме Каде каде,и завршивме на 2то кафе на Ленинова,ус пат да скршиме некое срце,и успеавме Се разделивме за ручек,отидов кај бабами на ручек,а оттаму во теретана да исфрлам некој грам.Се вратив,средив и отидов на чај.Сега сум спремна за спиење.
Денес си се наспав ма се преспав дојде другарка ми си шпиевме кафе некако имав некое убаво чувство ама одеднаш ми се игуби инаку до вечер си планирам да излезам и обавезно да си уплатам лотоооо тоа ми е најголемиот план за до вечер а вие феминки навивајте да ми падне лотото менеееее!!!!
Сабајлево ми дојде и мене другарка ми и си гледавме концерт од Здравко Чолич си се посмејвме...а за денеска планирам да пишувам домашна и да научам по нешто, но можи и да излезам надвор.
Денес се наспав убаво, доручкував и ја чистев собата. Сега планирам да слушам музика и максимално да се одморам.
Да учам и учам... Ама затоа вечер ќе се почастам со жежок туш, чоколадо, ладно млеко и убав филм под ќебенце
Си го испланирав денов да си го посветам себеси и на никој друг. Си се тинтрам цел ден. Нокти, третмани на коса, маски на лице, депилација, следува и топла бања...Музика трешти, а јас беснеам како да сум Dancing Queen. А вечер на репертоар е традиционалната, месечна кафанска дружба.
Денес со другарка ми отидовме во една продавничка каде што има најубави шминки и бижутерија и каде има и проклетство фрлено- кој ке влезе обавезно нешто да купи. Но за прв пат јас одолеав . Си купи таа што и требаше, јас и правев друштво и потоа отидовме на кафенце во омилениот кафич (каде што воедно работи дечко ми). Си седевме така цели 2 саата и си отидовме дома. Се најадов и отидов кај баба ми. Сега се вракам и планирам да изгледам еден филм и попосле да влезам под туш и полека полека да се спремам за излегување. Убав ден овој.
Денес планирам после работа во16ч да одам за Скопје да шетам по продавници и да си купам чизми.Немам многу за трошок ама морам да си купам нозете ми се премрзнати.Да се јавам на фризерката да закажам на време да не чекам последниот ден пред нова година оти ке има гужва.Сакам и за депилација да закажам.