Планирам да ја читам книгата што ја купив, да се релаксирам, да си посветам малку време на себе и на средување-маникир, педикир, маски за лице, коса...Beauty day
Планирам да одморам до крајот на денот и да го читам Дневникот на Ана Франк, бидејќи навистина ми е интересен и возбудлив. Но, како и секогаш така и денес, мораат да ми се расипат плановите и имам премногу за учење. Ама,решив да научам како што треба, и утре да „пеам“ на часовите!
Што поскоро да го напуштам форумов на кој што секогаш има што ново да се види...да одам и да продолжам со учење зошто утре лошо ми се пишува... потоа следува еден преkрасен долготраен туш...па дружење со малиот осман од “Бурни времиња“ ии на крајот креветчето кое што целиот ден сакам да го затоплам
За утре планирам овоа! Да се разбудам со песнава.. http://www.youtube.com/watch?v=BKXKWBcaV3A Да се нашминкам со оваа... http://www.youtube.com/watch?v=Nj6PFaDm ... re=related И да им влетам на работа со оваа (иначе,најчесто посветувана песна од моите мили,најмили ми е оваа! ) http://www.youtube.com/watch?v=QjmXnIsl ... re=related И цел ден да си свирам! Е тоа планирам за утре! Да одам да се сликам за лична карта. И...да направам мега шопинг у дм ко да нема утре!!!
да си седам цел ден у пижамки ,да си пијам чајчиња пошо ме боли грлцето , ТВ иии да си го чекам љубениот да ми дојде од посао ... тоа - сеа за сеа а за послем со оваа моја луда глава никад се незна
Половина од испланираното е завршено. Имав состанок, бев на интервју, го здркав малку типот (е тоа не планирав ама што да правам кога збори со мене некој ко да е компјутерско програмче или робот ) и судејќи по времево кое ми мава на притисок опасно, ја би да спијам, ама изгледа ќе идеме на пијачка со другарчињата, зошто сконтавме, дека не сме арни. Ни јас, ни тој, ни таа. Уствари, се замислувам подзалегната у некое троседче, под минимум светлина, со пивце во рака, и цигарче во другата. Не сум баш за акција. Е тоа планирам. Да не сум баш активна. Оу да бе и Евровизија почнува, ама не ме интересира, денес сеирот ќе го префрлиме за четврток. Таа вечер се сите мои земји на листа
Ќе читам безобразно здодевни списанија. Ќе си ги депилирнам влакненцава по ноџињата. Ќе си придремам попладневно уз Вирџинија Вулф и некој мекан џез. И после - ноќна смена на работа!
Планирам да се фатам за книгата бидејќи немам веќе време за да биде ставена на standby. Планирам да си го изгледам филмот што вчера си го симнав. И секако да си легнам.