Од сабајле сум дома, вечер малку ќе прошетам со другарките ... дома досадно а кога ке излегнам со моите сакани другарки се расположувам и забегувам по малку
планирам за еден саат два да се бањам,па да се спремам ,па да дојде дечко ми да ме зема,па да испаднам,да се шетам и да уживам.....
Многу нешта. Ама нема време. Ќе се избањам, ќе се средам како и физички така и психички. Ми летаат мислите. Ќе подремам. Ќе се превртувам едно 2-3 саати во кревет, па кај и да е, околу 6 часот би требало да сум заспана.
планирам да перам неколку алишта кои се надевам ќе се исушат до вечер за излегување,па да одам до кај другарка,па ќе седам дома т.е на фемина,па ќе си дојде дечко ми од работа и ќе излегуваме...
Да си уживам, ќе вежбам, ќе си гледам омилени серии, можеби ќе зготвам ручек, едно големо можеби , а вечер ќе си го чекам Хуго да се галиме...
Денес опуштено, треба да направам повеќе работи од кои 2те ги правам секој ден, а другите се задолжителни што мора да ги направам денес ПС ќе одам до библиотека да земам книги за читање па и на едно кафе ако имам време
Денот ми започна рано насабајле, пиев кафица, сега пак ке пијам некаде низ град се прават некои мали договори,..после тоа имам задатак да фарбам една другарка, па ручек.Па да си се видам со саканиот и вечер учење ме чека
Попладне ќе чистам, ќе ги испеглам испраните алишта а вечерта ќе си ја посветам себеси, ќе се тинтрам и негувам и ќе уживам
Учење не планирав али еве само се наметна..Кафенце да си се напијам онака лезетски... Можеби и некоја прошетка ако имам време...
Времево ми ги расипа плановите Сега ги баталив досегашните, смислувам други. Ќе поседам уште некое време тука, потоа се акнувам кај другарка ми на трач муабет и карти. Приквечер кај милото на една партија мазење, и пред тв за филмот на сител Ништо посебноооо
Па... не ќе е лошо да почитам малце, со мајка ми да одам до чаршија и да го исплескам фејсбукот, ама убаво!!
Ако имам време да се посунчам паралелно со книгата, попладне до кај една другарка, а вечер (ако успее планот) ЖУРКА!