денес планирав многу затоа и рано станав ама едно НЕ на тетката во полицијата ми го сруши цел филм и сега планирам да одам на депилација па вечер ќе прошетам некаде
Принципиелна сум и секогаш си имам распоред за денот, па затоа најмногу ги мразам распустите, бидејќи немам обврски и цело време ми е испомешано, никогаш не знам колку е часот.
Не знам ни јас што да правам. Само лежам по цели денови... ДОСАДА убива! помина летото а јас само дожд видов ништо друго! Сигурно ќе гледам некој филм или ке прошетам.. нема друго што.. да се тепа време со нешто ако е можно.
Денес... Па... Планирам некое филмче да изгледам... Потоа сакам малку да се испотам,да согорам некоја калорија... Следно,под туш...И... Не планирам да излегувам,но ќе видам.. Имајте убав ден девојки!
па денес планирам да се пакувам,да поспијам малце,да идам да се видам со другарките да се позз со нив и вечер бај бај скопје бај бај македонија идам да се ладам у турција
Сега си правам муабет со друшката моја , па ќе се спремам и ќе одам на плажа и после ќе си зборам со љубовта
Да го дочекам дечко ми од забар, да направам нешто вкусно за да јадеме, да одиме кај него и... долга е вечерта
Па низ населба малку со фредицава моја ке се прошетаме па после дома на компјутер некое филмче вамте тамте и послее спиење
Сега ќе одам да се прошетам,па после кога ќе се вратам малку на нет,ќе се бањам и ќе излегувам со дечко ми ...