да одам да а одговарам веќе еднаш по таа глупава биохемија , да ми се тргне од вратот веќе да излезам со либето на кафе и да се видам на раат 3 дена го немам видено како што треба ..
Да читам нешто, да си замислувам убави нешта... Барем тоа не ми е забрането Ќе одам попладне во студио, јејејеје! Ако снимиме нешто, ќе бидам многу среќна. А и да не - пак ќе бидам, важно нешто се случува. Ми се пие пивце во Калдрма, ми се јадат печурчиња. Ќе да договорам такво некое збирање после 7.
Прво да се изнаспијам (да наплатам за цела недела ), да расчистам, да доучам што треба, да се бањам и пак да спијам .
Прво планирам да се најдам со друшката ми и да одиме дома и‘ на еден кафе-муабет. После... може мала дружба со Трговецот, а и со некоја постручна литература
Освен секојдневните обврски, планирам вечер да си седнам некаде со дечко ми и друштво,па да си се напијам мераклиски винце Далвина и мезе!
Да го допијам чајчево па трк до кај другарка ми на кафе и по некој трач ))) после на факултет и вечер веројатно низ некој маалки кафиЌ на кафе, се уништи градов со ноќниов живот, се уништи !
Да го најдам телефонот. Да чекам да излезе сонце. Да си најдам љубов. Да се земеме. (во зид најкорисно )
Да се средам, да земам пензија, да испијам едно кафе со другарките од средно (се немаме видено 2 години) и вечер со сестра ми да се журкаме. А да и во меѓувреме работа да барам.
Да седам дома, да се одмарам и релаксирам, да ми помине настинкава веќе еднаш, да пијам литри и литри чаеви, да испијам еден куп апчиња, да мерам температура безброј пати.... Многу интересно нели. И планирам во меѓувреме да гледам телевизија, особено многуте серии на Fox LIfe, да видам што има ново на фемина, да читам книга. И така цел ден.
Да одам нашкола, и да ги убедам другарките да излезиме вечерва,чувствувам дека ќе биде убавооо..ако не барем се надевам
да завршам со перење (како сто луге да живееме а не двајца) да исчистам да се истуширам и полека да се средам па вечер се оди во дискотека малку