Сега го пијам моето утринско кафе.После ќе јадам ..и следува делот каде ќе си правам модна ревија во мојата соба со гласна музика.Ревијата ете така ќе си ја направам со ќеиф ,ќе се испразнам малку ,оти сум БЕСНА ,а и ќе одлучам што ќе носам вечер во град...
Освен секојдневното одење на работа планирам и да се видам со другарките,да пијам кафе со нив и да се научам некој нов трач!
Бидејќи денешниов ден веќе помина, ќе си кажам утре што планирам . Најпрво на училеште, малку одмор, на англиски, па ќе се спремам за во петок (толку многу работа има ) и на крај ќе се одморам, фемина, филмови ... и кревет!
Да си го дигнам конечно мрзливиот задник од пред компјутер и одам до супермаркетот да купам се што ми фали и само си го додавам на листот, но не и купувам. Потоа ќе си правам домашен третман за разубавување или во превод ќе си шлакам секакви чуда на главата и лицето . За вечер си спремам филмче по препорака на една феминка (Dead silence). Импресии за филмчето - утре
Само што стигнав од работа, се наручав па сега имам во план депилација на раце, нозе, веги еден добар маникир на раце, маска за лице па ќе си дојди маж ми и се надевам дека добро ќе го испалнира викендов -Денес ми е денот само за мојата убавина
Денес планирам , да учам за во понеделник и во недела да си бидам слободна може попладне на едно кафе да идам
Ручам па се паркирам пред ТВ фудбал јака утакмица има иако имам премногу за учење после под туш па пак учење па кафенце ......
Уф денес планирам мн работи па се надевам дека се ќе направам....ама овој интернетов малку ме спречува ама сепак се надевам дека ќе си ги извршам сите работи што ги имам испланирано... Иначе планирам да чистам по дома, па да одам на кафе со пријателите, па да учам, си зедов некоја книга да ја прочитам барем до половина, да отидам до кај братучетка ми и така...можеби уште нешто ама не ми текнува ..за сега ова хехеххе
Денес ми е слободен ден. Планирав да го искористам со чистење на собата,да се средам себеси,да читнам нешто ( тоа за на крај го оставам).Вечерва би требало да дојде другарка ми да гледаме филм. Незнам ни самата колку филмови изгледав овој викенд.
Денеска му е роденден на мажулето мое, па така планирам после работа да му купам поклон и дома торта да му направам
Па... планирам да се искапам, нели чиста Дана да бидам. Па куферот да го средам и за утре да ми останат само некои ситници. Потоа планирам да одам кај Систерот, да се видиме пред да заминам и да ми удри едно гледање на кафе и да се посмееме со Мравчето, се разбира. За крај, планирам садовите да ги измијам и да го оставам станов во совршена перфекција се‘ до недела, кога повторно ќе се фрлам на негово малтретирање
Денес планирам да си го сменам животот..) Да одам да тренирам во Металург ракомет,затоа што овде изгубив и желба за ракомет и бев премногу повредена!!...Среќна сум што денес ќе почнам со првиот тренинг во Металууууург!!! Ве сакам многу<3
Да се изнаодморам максимално овде на фемина и во кревет со големо кесе пуканки да гледам филм бидејќи ке ми треба таа сила . В понеделник ќе патувам 2 дена до Прага едвај чекам
не знам зашто ама добив желба за учење така да додека не поминала да фатам книга па има време до вечер може ке прошетам некаде
Да си ги видам Спојлер пи*ињата (така си се викаме) да си ги изгушкам силно и да им надокнадам за двеве недели што ме немаше меѓу живите, колоквиумска недела. Е, после кафето, доаѓам дома и ќе спијам до недела, ќе го преспијам цел викенд!