Цел викенд ми помина во пишување на магистерската,пред компјутер и со многу книги пред мене. Се надевам дека наредниот ќе го искористам за друштво со сакани лица во домашна атмосфера.
планирам сега да одам кај другарками вечер да излезам утре цел ден ке уживам..а недела учење капење подготовка за од понеделник
Да учам, да си пукнам од учење. Викендот во село кој ми е испланиран од Нова година, ќе го оставам за од 1ви април. А вечер ќе одам да си се видам со другарка ми. Да мавнеме по некое коктелче специјално направено за нас, па да броиме ѕвезди на небово
Да навивам за Македонија Да прославиме годишнина со дечко ми. Да се видам со едно трудно(така си ја викам другарка ми) и со уште една другарка.
Хмм, наредниот викенд нешто во план е да правеме Пижама -парти кај една другарка, но не е се уште сиг..
Па и во друга тема пишав за претходната вечер, излегувавме со другарки, а вечерва ке одиме кај една другарка на именден и потоа во дискотека...А утре планирам да си одморам недела по дома
Викендов со 2 другарки од средно го планиравме 2 недели (пиење забава шетање по цела ноќ) и на крај се деси нешто многу неубаво и го поминав онака во кафуле на пијачка и во 1 дома да си дојдам. Ајде планот остана за наредниот
викендов тотално му го посветив на дечко ми, вчера цел ден, денес попладне и вечерва....бидејќи заминува на долго патување.....ќе ми фали многу,така да сакам секој момент да сум со него
Викендов т.е денес.Сум на роденден кај една другарка. А после ќе ви кажам како сум поминала. А сега ќе кажам за предходниот викенд.Бев излезна и петокот и саботата и убаво си поминав,онака просечно.
Викендот бев на свадба,и си поминав супер. Невестата весела, со братучеди и братучетки си се изнавеселивме, јадевме прекрасна торта. Слатко се изнасмеавме и тоа е тоа.
Викендов би требало да ми почне на работа, сабота се одработува , ама ќе си излезам порано, шо ме боле, па на свадба сум кај сваќата. А како ќе го поминам ќе видиме, е ќе биде на нивоу бе, мора
Планот беше петокот во кино со другарки,а сабота со еден тип на кафе.. а тотално испадна различно.. Петокот кај другарка дома-ништо посебно, саботата не бев добра за да искочам па затоа неделата искочив,на журче со друштво.. Добра недела беше тоа за разлика од другите
Цел викенд бев даун ,ми дојде и за ништо не ме бидуваше.Во петокот излеговме во едно кафуле,ништо посебно ,поседивме некој пола саат и бидејќи внатре више не се пушело ,моравме да го убрзаме нашето заминување. Остатокот од викендот беше ѓон.
Планирам да се изнаспијам и да се изнашетам. Потоа ,да го соберам дечко ми кај мене дома и да ми го поправи Орбитрекот ,оти не можам веќе без него.
Добра забава вечер и утре вечер, а во недела на 2 слави. Епа бурно ќе биде. Треба психички да се подготвам, а богами и физички.