Денес ќе одам на повојница кај малата цуцана на meU и многу сум радосна поради тоа. Вечер ме чека семинарска за работење. Утре исто учење...а утре попладне ќе одам кај мајката на дечко ми да и помогнам околу подготовките за слава.
Прво ќе се спремам за писмена работа односно сега или утре, утре вечер на роденден и ќе правиме список за Нова Година со моите Озборувачки, исто и преку дента ќе учам за да не ми се насобери многу за учење во текот на неделата и во Недела планирам да учам и во понеделник и во вторник, среда, четврток и се надевам другиот петок по слободна ќе бидам
воопшто не планирам ама морам.... Спојлер да учам цел божји викенд..оваа недела имаме многу тестови па да ги напрам како шо треба и после да уживам
Прекрасно си поминав.Вчера бев кај другарка за да правиме проект,кај неа бев околу 3-4 часа и прекрасно си поминавме,денес на шопинг со тато и на ручек кај баба (убаво си поминав иако не јадев тоа што сите јадеа).Сакам да ми бидат сите викенди толку убаво поминати.
Викендот знаев дека ќе дојдат тетин ми и тетка ми од Србија, и ми беше целосно посветен за нив. И супер си поминавме...се утепавме шетање.
Ако сметаме од петокот вечерта, викендот ми започна работно. Непланирано работно. Трчај да ја земеш униформата пред да затворат, а потоа таксито и на работа! Уморна се вратив дома и веднаш се трупосав в кревет, зашто знаев што ме чека наредниот ден. MORE WORK! Цеееееееел ден. И тоа предолг ден беше. И измрзнав. И денес ме болеа рацете и грбот од добропознатата македонска ПРОМАЈА Се собравме друшките денес, зелник да вртиме. Уште тоа да не беше, мислам дека воопшто немаше да излезам од дома. Од ракометот навака им тежам на креветиве.
Минатиов викенд едната вечер бев на забава,другата вечер бев на пица. Наредниов викенд го немам испланирано сеуште.
Овој викенд цело време ми помина во учење, освем малце денес што излегов вечерва.. Спојлер Т.е уште не помина ама планирам и утре да учам