Здраво почитувани, би ве прашал што попрво би избрале помеѓу 1.пари 2.среќа 3.добро тело 4.работа која ја посакувате 5.младост 6.здравје 7.вашите сакани Која од овие работи ви значи најмногу,која најмалку и зошто?
No. 1 здравје Ако имам здравје ќе бидам среќна и ќе можам да ја работам работата што ја сакам од која ќе добивам пари за добро тело ќе се потрудам сама со вежбање и здрава исхрана ќе си остарам нормално како и сите и ќе си умрам несакам вечна младост
Дефинитивно здравје, скоро месец дена сум настината, страдам од синуси! Здравиот човек има милион желби, а болниот една, да оздрави!!!
би ги подредила вака: 1. здравје 2. работа која ја посакувам 3. добро тело 4. пари 5. младост 6. среќа (Според мене среќата е привидна работа. Јас сум личност што умее да најде среќа и во најтажните мигови.) Само не ми е јасно зошто два пати, под 4 и под 7 има РАБОТА КОЈА ЈА ПОСАКУВАТЕ?
6 7 и 2=најглавни според мене работи 1 3 и 5=споредни на кои не им обрнувам толку многу внимание и на крај 4 како не толку битна работа
1. моите сакани ( без нив животот нема да вреди ништо ) 2. здравје 3. среќа 4. работа која ја посакувам 5. пари 6. добро тело 7. младост
Почитувани, Ви благодарам за вашите постови во кои одговоривте на моите прашања како и на одговорите и коментарите.Навистина беа интересни и содржајни на некои од постовите. Многу ми се допадна постовите на сите кои најпрво го одбраа здравјето- кое според мене е најголемото богаство, останатите работи се релативни. Со добро здравје, се постигнуват сите останати работи кои ги посакуваме во животот Ви благодарам на сите кои напишавте свои мислења во врска со мојата тема
1. моите сакани (без нив и живот со многу здравје би немал смисла) 2. здравје (се друго што следи зависи од психофизичката состојба на човекот) 3. работа која ја посакувам ( таа работа ќе ми донесе и среќа и пари) 4. среќа ( ) 5. младост (најубавиот период од животот по кој секој копнее) 6. пари ( многу нешта се недстижни и безвредни ако ги нема парите како еден од условите за опстанок) 7. добро тело ( епа да...меѓу другото и јако телце нема да е на одмет)
Здравје и моите сакани до мене..Заедно,здрави и живи се‘ може да се постигне,тогаш се‘ друго има смисла.
6.здравје 7.моите сакани 4.работата која ја посакувам 5.младост 1.пари 2.среќа 3.добро тело Ако немаш здравје, немаш ништо. Ако имаш работа, ќе имаш и пари. Доколку твоите најсакани се до тебе, ти си најсреќен на свет. Младоста е минлива, убавото тело е убаво, но не е пресудно за многу работи во животот