Среќа дефинитивно. Ако имаш среќа, имаш се. Џабе им било здравјето на овие од Титаник, кога немале среќа. После среќа, нормално здравје.
Попрво би избрала здравје, па младост, па саканите, па среќа, па добро тело, па работа која ја посакувам, и на крај пари затоа што со пари не се купуваат овие погорниве.
Aх бе Eленче, ама споредба направи со Tитаник, цел живот здравјето е на прво место, среќата како таква или ја имаш или ја немаш, среќа имаа тие што се спасиле, што се качиле меѓу првите на помошните чамци и биле жени, секако. 3аборавив , од прва класа плус. Mногу фактори за среќа бре. Jас вака би ги подредила работиве: 1. здравје 2. саканите 3. пари 4. среќа (тука го делат 3то место овие 2 работи) 5. работа која ја посакувате 6. младост 7. добро тело Првите две работи се во корелација. Повеќе сакам здравјето нив да ги служи, него мене, најискрено од срце тоа го посакувам. Cреќата ќе речам некогаш ја имам, некогаш ја немам, и тоа е дискутабилно, а го ставам на исто место со парите затоа што се потребни де. Pаботата која ја посакувам е тоа место на кое што е, затоа што другите работи ми се поважни од тоа. A и да не ја работам таа работа што ја посакувам, ќе бидам среќна ако ги имам работите подредени пред неа. Mладост . . . можеби сега не сум свесна, но за неколку години веројатно ќе ја ставам на исто место што и среќата. Cреќна сум што сум млада, но не ми е најважната работа во животот, не може вечно да сум млада. И за крај, добро тело. Hе сум дошла до тој стадиум да очајно ми треба добро тело, задоволна сум горе доле со ова што го имам, си имам мани не викам не, но веќе отрпнав на истите, а и не може драстично да ми се смени, редовно ги следам неговите промени и реагирам соодветно на нив.
Здравје срека-што ке ти е срека ако не си здрав моите сакани добро тело Младост работата која ја посакувам пари
Најмногу здравје, ако го немаш ѓабе ти се другите работи Па моите сакани среќа младост пари работа која ја посакувам добро тело
Моето здравје ми е најважно, и моите најблиски исто така. Така да би одбрала здравје и моите сакани затоа што другото си доаѓа само по себе. Колку се трудиш - толку ќе имаш (пари, добра работа, добро тело...).
1.Здравје. 2.Вашите сакани. 3.Пари. 4.Добро тело. 5.Работа која ја посакувате. 6.Младост. 7.Среќа. Прво ми е здравјето нормално, зошто како велат - Здравиот има милион желби, а болниот само една - да оздрави.Ништо од овие работи, не вреди ако си болен, колку сакаш имај пари, среќа, посакувана работа, ако си болен се ти е џабе... Втор избор ми е вашите сакани, затоа што искрено, осаменоста е исто како болест, пробај живеј сам, без пријатели, без роднини, без да имаш со кој збор да проговориш... Другиве работи се релевантни, може утре ден ден една помалку, друга повеќе ќе ми начи, се` се врти, се` се менува. Среќата последна ја оставив, зашто ти зависиш од твоите постапки, ставови и размислувања, и највеќе среќа да имаш на цел свет, ако си покварен човек не ти вреди ништо!
Секако дека здравјето е најбитно.И да немаш пари,и да немаш добро тело,ако имаш здравје порано или подоцна тоа можеш да го добиеш.Здравјето е се.