Патниците на бродот Титаник, сите биле убави, богати, здрави, со добра кариера, со саканите до нив, значи имале се. Но кога потонал бродот сите умреле, значи немале само среќа. Среќата е најбитниот елемент според мене, доколку ве прати се може да се преброди, и болест и тага и сиромаштија. Значи од горе наведените поими јас бирам СРЕЌА.
2. среќа 6. здравје 7. вашите сакани 1. пари 4. работа што ја посакувате 5. младост 3. добро тело Среќа на прво место, зошто ако имаш среќа и да си болен - ќе се излечиш, со помош на среќата ќе ги имаш саканите блиску до тебе, ќе имаш шанса да ја работиш работата што ја сакаш - што би ти донело пари. Младост и добро тело ги ставам на последно затоа што кај луѓето не ми е битно надворешното, туку она што го носат внатре, затоа не би ги одбрала ни како приоритет за себе.
Јас би ги подредила вака: 1.Здравје 2.Вашите сакани 3.Среќа 4.Пари 5.Младост 6.Работа која ја посакувате 7.Добро тело
Најпрво, моите сакани. Најпоследно пари. Зашто? Без моите сакани ќе ми е потешко да живеам, да се навикнувам на понатамошниот живот. Без пари.. можам некако да преживеам, не го вртат парите светот
Здравје прво, па моите сакани, потоа дури парите, работата која ја посакувам, младост, добро тело и на крај среќа. Ако имам се по ред, среќата е неизбежна.