Здравјето е пред се. Без него ништо нема вредност. А најмалку битно доброто тело. Убавината секако е минлива, телото се менува.
На прво место би ги ставила и здравјето и моите сакани. Ако имаш здравје и ако твоите сакани се со тебе и во добро и во лошо, тогаш се друго со текот на времето ќе си дојде на своето место, ќе бидеш и среќен, а со чесна работа ќе имаш и пари за еден нормален живот. А убавината и младоста се минлива работа, она што ќе остане се додека е човек жив е Внатрешната убавина на човекот-неговиот карактер.
Здравјето дефинитивно.Кога сме здрави се можеме да имаме.Да направиме пари, да бидеме покрај нашите најсакани.Со тоа доаѓа и среќата.Ке можеме да ја работиме работата која ја сакаме и да имаме добро тело. И плус ако сето тоа биде во младоста добитна комбинација
Пaри имaм, среќa имaм, дoбрo телo имaм (и мoжaм дa јaдaм кoлку сaкaм без дa се здебелaм), млaдoст имaм, здрaвје имaм и мoите сaкaни се дo мене. Единственo рaбoтaтa кoјa јa пoсaкувaм сеуште јa немaм, нo зaтoa сегa уживaм вo прaксaтa и изучувaњетo нa тaa рaбoтa, сo нaдеж декa ќе јa рaбoтaм вo иднинa.
1. вашите сакани (без моите ништо не правам) 2. здравје 3. среќа 4. работа која ја посакувате 5. добро тело 6. пари 7. младост (не е толку битна таа, сите стареат) Сега размислувам вака, но како што минува времето може да имам друго размислување.
Пари затоа што без нив немаш ни здравје, со нив дури можеш да си купиш и добро тело, да си купиш добра работа. А среќата не ја коментирам бидејќи таа не постои сам си ја правиш.
Здравје. Ако имам здравје можам се од другото да постигнам. Ако немам здравје, а имам се друго, џабе е тоа што го поседувам.