6.здравје 7.вашите сакани 2.среќа 3.добро тело 4.работа која ја посакувате 1.пари 5.младост На прво место Здравјето Ако не си здрав физички и психички џабе ке ти се сите останати работи. Тоа е нешто кое неможе да се купи, добие, подарува, и е потребно да те служи секојдневно. Саканите се тие кои секогаш те подржуваат, помагаат, жртвуваат, заштитуваат и искрено ти се доверуваат. Само тие не ти наплаќаат за целата пожртвуваност и љубов што ја пружат. Младост на последно затоа што вечна младост ке здосади. И некои работи се научуваат после неа
Кој не го става здравјето на прво место? Секако дека здравје ќе изберам.. 2.Моите сакани.. 3.Среќа 4.Младост 5.Работа што ја посакувам 6.Добро тело..
Среќа!! Тие на Титаник имале здравје ама немале среќа.Ако имаш среќе се подразбира дека ќе бидеш со добро здравје.
Еве го мојот редослед на приоритети: 1. Здравје 2. Моите сакани 3. Добро тело 4. Работата која ја посакувам 5. Среќа 6. Пари 7. Младост
се разбира здравјето на прво место, потоа моите сакани и среќа, ако имаш среќа и твоите сакани до тебе, ќе постигнеш се друго, и работата која ја посакуваш, со тоа и парите, а доброто тело и младоста мислам дека не се толку важни (барем за нас кои сме млади)
1.здравје 2.Среќа 3.моите сакани 4.работа која ја посакувам 5.пари 6.добро тело 7.младост Здравје, затоа што сметам дека се губи смислата на животот после загубеното здравје. Џабе ни се пари, добро тело, работа која ја посакуваме итн итн кога го немаме здравјето за да ги уживаме истите... А за среќата само би ја додала веќе добро познатата поговорка " Роди ме мајко со среќа и фрли ме на буниште " кратко и јасно
Среќата би ја исфрлила од тука бидејќи ако ги имаш останатите 6 работи секако дека ке си среќен. 1.Здравје.Нема ни да објаснувам зошто,јасно е тоа... 2.Саканите...Особено семејството и фамилијата.Другарки и дечко/девојка можат да се сменат,но родителите се едни и крфта не е вода.Сакам секогаш да се покрај мене моите сакани,да ми пружаат подршка за што и да направам,да ми делат совети,да ме скараат кога треба да се сакаме. Тоа го исполнува човекот. 3.Младост.Ееее лудост-младост најубавиот период од животот. 4.Работа која ја посакувам!Убаво е да се излежуваш по цел ден,но убаво е и да знаеш дека си корисен,дека си стекнал некоја работна навика и едноставно го работиш со љубов она што го сакаш.Многу ми е важно во животот сама да заработувам свои пари,затоа и ја ставив работата пред парите.Значи колку пари имам толку-мои се! Не е убаво секогаш да чекаш од друг,бидејќи тешко е да се заработи,а лесно е да се потроши. 5.Пари.Важни ми се,но не и пресудни.Тоа е нешто што се менува.Денес имаш-утре немаш-па пак имаш....и се така.Но дефинитивно,среќата не е во парите. 6.Добро тело.И ова би го исфрлила но ајде...Ако некој си се одржува и на 50 години убаво тело може да има,тоа си е до човекот... -И како што кажав,ако сето ова го имам,секако дека ке бидам многу среќна. Позз
ЗДРАВЈЕ! Затоа што само кога сме болни гледаме дека ништо не бидува без здравје,и се што посакуваме тогаш е само да оздравеме.И додека не го изгубиме,не учиме да го негуваме. Другите работи се минливи и потрошни.
Здравје Моите сакани Среќа Младост Пари Работа која ја посакувам Добро тело Тоа е мојот редослед. Сепак здравјето е најбитно од се, доколку немаме здравје немаме ништо и ништо друго не ни е битно. Среќата е исто така битна, а во последно време и парите вршат важна улога во нашиот живот, бидејќи без пари не можеш да направиш речиси ништо, па и кога си болен ти требаат пари за да се излечиш.
Здравје Среќа Моите сакани Младост Пари Добро тело Работа која ја посакувам ( па и не посакувам нешто конкретно, а и уште рано ми е. ) Двете најбитни работи : здравје и среќа. Мене некако тесно ми се поврзани. Имаш здравје, значи имаш и среќа иако не си баш свесен за тоа. Замислете да сте болен, во постела и да ги имате сите горе наведени работи, сепак нема да бидете СРЕЌНИ во вистинска смисла на зборот - зашто штом немате здравје неможете да уживате во сите нив. Ама исто и овие другиве работи се поврзуваат со среќата ( настрана здравјето, тоа е на прво место - како што реков ако си здрав, среќен си. ) После моите сакани, една од најважните работи да бидам среќна. Па младост и пари, најголемите лудости се прават во младоста и најдоброто време е тогаш , парите исто се важни, ако имаш пари можеш да платиш лекар, можеш да си дозволиш разни работи кои ти се потребни и кои ги посакуваш. Добро тело, па што знам.. Нормално дека секој сака да го има, вклучувајќи ме и мене која сум далеку од совршена, и посакувам да направам некакви корекции ама сепак не е пресудно и не е толку важно во животот. Работа, како што напомнав, немам нешто одредено на ум а и сеуште ми е рано да размислувам за тоа..
1.Здравје 2.Моите сакани 3.Пари 4.Работа која ја посакувам 5.Добро тело 6.Младост Среќата нема да ја ставам во оваа табела,бидејки според мене среќа е се ова да го имаш. Како што спомнаа погоре без здравје,ништо.Џабе и пари и младост ако си болен.
1.Среќа 2.Здравје (со здравјето иде и добро тело ) 4.Без работа која ја посакувам нема да имам толку голем успех, секако.. 5.Младост и да одберам, нема да бидам секако вечно млада 6.Моите сакани 7. Парите Малку и не ми иде во контекст тоа бирањето поради тоа што едно од друго зависе.
Најпрво би избрала здравје бидејки ако немам здравје се друго ми е џабе.Потоа би го избрала мојот сакан бидејки ако е он со мене ке имам и среќа. Добро тело веке имам па затоа работата ми е битна а ако ја имам работата што ја посакувам значи ке работам вредно и ке имам пари а младоста ке си ја искористам сега бидејки ја имам за подоцна ко ке остареам да не си викам ех колку сакам да сум на млади години сега туку да си викам ех колку ми беше убаво во младоста
1. моите сакани (пред се' роднини,па пријатели) 2. здравје(на второ место, бидејќи и да сум најздрава на светот, без љубов од моите сакани,не би била целосна) 3. младост(брзо поминува,а толку многу работи сме пропуштиле) 4. среќа 5. работа која ја посакувам и пари во едно (ако имам среќа ќе ја имам и работата,а ако имам среќа и сум добро платена ќе имам пари) 6. добро тело(само можеме да си го моделираме како што сакаме, за разлика од горнонаведените работи)
Здравјето е најбитно ако си здрав(воедно и блиските луѓе бе бидат среќни или ти ќе бидеш среќен ако тие се живи и здрави) се ќе можеш да направиш и да работиш а со тоа си доаѓаат и парите да бидеш среќен и ќе можеш да се грижиш за своето тело ке вежбаш и тоа ке ти дава помладешки изглед ке бидеш едноставно исполнет.