Што побргу би одбрале?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од dumbal, 3 декември 2010.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Јас имам две различни погледи на овие нешта. Кога би бирала би се двоумела... епа вака:
    Во првиот случај го имам ова:

    1.Прво здравје, ако имам здравје ќе можам да си ја остварам целта и да заработам -->
    2.Пари, а ако имам многу пари секако дека ќе бидат до мене -->
    3.Моите сакани, дали од љубов или интерес неможе да се знае :)
    4.Со добро тело маа и те како ќе си ја добијам -->
    5.Работата што ја посакувам (секако не мислам дека е пресудно само доброто тело)
    6.Младоста ќе ми помине во работата, нема вечна младост
    7.А ако го имам сево ова секако дека ќе бидам среќна :D


    Вториот случај ми иде вака:

    1.Ако имам пари како што е напредната медицината ќе си го зачувам -->
    2.Здравјето
    3,4,5,6,7, иде исто да не се повторувам :P

    Е ај сеа...
     
  2. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.764
    СРЕЌА-ако имам среќа ке си имам и здравје и пари и работа и многу сакани луѓе околу мене а богами и добро тело, а младост...па младоста не е вечна. :D
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.824
    1.Моите најблиски - ги ставам на прво место затоа што се‘ ми е џабе ако тие не се околу мене
    2.Здравје - нешто без кое никој не може и кое со ниедни пари не може да се купи
    3.Среќа - на сите ни е потребна помалку или повеќе :D
    4.Работа од соништата - која ќе ме исполнува
    5.Пари - (морав и последниве три некако да ги рангирам)
    6.Добро тело - не е на одмет :P
    7.Младост - најмалку ми е важна... тука сме сите исти, не ни бегаат белите влакна :)
     
  4. unique.lady

    unique.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    69
    здравје е мојот конечен одговор зошто ако имам здравје ќе имам и пари и среќа и моите сакани !
     
  5. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    СРЕЌА, ако имаш среќа значи ќе имаш и здравје што инаку е најбитно. На Титаник имало и здрави и млади и богати, но само тие што имале среќа се спасиле.
    Има луѓе кои колку и да имаат во животот ( многу пари, добра работа,добар автомобил, млади се згодни) но не се среќни, секогаш бараат повеќе, а има луѓе што имаат малку но и со тоа знаат да бидат вистински среќни. И кога обираме меѓу нештата размислуваме, што би не направило посреќни? Секако на некој начин ја бараме неа среќата.
     
  6. Anggie

    Anggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    36
    1. Прво здравјето како нешто најважно за човекот.
    2. Моите сакани ... секогаш ке бидат сомене :)
    3. Мојата работа од соништата .. хаха Мислам дека ако го завршам тоа што го сакам ке ми биде наредена цел живот :) ....
    4. Добро тело - доста ми е од вишокот на мене .....
    5. Младоста и така и така .... ама секако ке дојде зорт и за неа :D
    6. Срека .... Сама си ја креирам судбината.... моја кривица е тоа што сум несрекна :)
    7. Кога ке ја имам работата од сонишатата и среката ке имам и пари :)
     
  7. chica.bomb

    chica.bomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    37
    Здравје и среќа!
     
  8. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    И јас исто! :)
     
  9. Cvet1

    Cvet1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    6
    Би рекла дека од здравје нема ништо поубаво на светов.
    А најмалку посакувана не можам да одвојам од причина што сите наведени работи се поврзани една со друга и тоа е клучот за среќен живот.
    Без едно од овие животот би бил делумно празен.
     
  10. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Прво здравје, ако немаш здравје џабе ти се и младост и добро тело, па и пари затоа што има луѓе кои вријат од пари па не можат да се излечат па џабе им е и богатството што го имаат
     
  11. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    :) :) :) :) :)
    1.здравје
    2.вашите сакани
    3.среќа
    4.добро тело
    5.пари
    6.работа која ја посакувате
    7.младост
     
  12. SweetCandy

    SweetCandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    20
    1.Здравје - ако сум здрава ќе можам да си ги остварам моите цели
    2.Моите сакани - секогаш ме исполнуваат целосно
    3.Работата која ја посакувам
    4.Пари - го играат ако не и најголемиот дел од животот на човекот,а ако имам пари ќе имам здравје и добро тело
    5.Добро тело - голема предност до постигнување на успех
    6.Младост
    7.Среќа - ако го имам сето ова,ќе ја имам и сета среќа која ми е потребна
     
  13. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Би одбрала среќа, можеби затоа што повеќе пати се докажало дека сум жив баксуз :lol: Ако имаш среќа, ќе имаш и здравје и се останато во животот.
     
  14. Teff

    Teff Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    20
    Здравје пред се.
    Бидејќи џабе ти се и парите и љубовта и младоста итн, ако не си здрав неможеш да бидеш среќен! :)
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.734
    Пол:
    Женски
    со здравјето се останато се постгнува. Здрав=моќен човек
    1. здравје
    2. среќа
    3. вашите сакани
    4. младост
    5. работа која ја посакувате
    6. добро тело
    7.пари
     
  16. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    34
    1.здравје
    2.среќа
    3 вашите сакани
    4.работа која ја посакувате
    5. пари
    6.младост
    7.добро тело
     
  17. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    здравје - најпрво, за да постојам, за да функционирам како и секој нормален човек,
    среќа - без неа никаде, џабе би ми било се останато ако немам среќа,
    вашите сакани - дел од она што ме прави среќна се моите најблиски, конкретно семејството, бидејќи искрен другар, па и не постои повеќе на планетава,
    работа која ја посакувате - нешто за кое сега вложувам, нешто што (кога ќе ја најдам) ќе ме исполнува и ќе ми биде извор на егзистенција,
    пари - кога би имала дел од ова погоре би имала и пари, кога би била здрава за да заработам, малку среќа за да ја најдам совршената работа и со парите ги остварам сите мои материјални соништа (да го прошетам цееел свет)

    младост - си ги сакам годините, си го сакам секој поминат миг и го сакам секој кој ќе дојде, младоста е нешто што не се враќа, природен процес, всушност годините и не се битни, неспоредливи се со она како се чувствуваш,
    добро тело - ова ми звучи на некоја исфустрирана, искомплексирана, фуфица, добро тело, каде со муабетов .... не дека не е битно како изгледаш, но телото го споредувате со здравје, среќа ... чудно.
     
  18. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    200
    1 саканите личности
    2 задравје (мое и на моите блиски)
    3 среќа
    4 работа која ја посакувам (и се трудам еден ден и да ја добијам)
    5 пари
    6 младост
    7 добро тело
    Убаво би било сите да ги имам :lol:
     
  19. LightOFF

    LightOFF Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    72
    На прво место ЗДРАВЈЕТО,ако се има здравје и сите други работи ќе си дојдат сами по себе... секако ако вложиме доволно труд и веруваме во себе ;)
     
  20. kostic

    kostic Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    15
    Здравје,моите сакани и среќата се друго ќе дојде или ќе појде :)