На прво место би ги ставила моите најсакани,затоа што ако знам дека моите најсакани се до мене ме подржуваат во се,ако знам дека се сите во ред нема да има за што да се грижам и да си го уништувам здравјето,здравјето води до младоста и доброто тело,додека сме млади и убави потребна ни е среќа за понатамошниот живот,среќата може да не доведе до пари а во денешно време само парите можат да не доведат до работа која ја посакуваме.... п.с.ова е мое размислување
Jас би ги подредила вака 1.Здравје 2.Mоите сакани 3.Среќа 4.Пари 5.Mладост 6.Добро тело 7.Работа која ја посакувам Залудно е да имам се ,ако не сум здрава за да уживам во тоа,затоа здравјето ми е на прво место,а за последното сосем сеедно ми е која работа би била,ако ги имам горе наведените работи
1.Здравје 2.Моите сакани 3.Среќа 4.Пари 5.Младост 6.Добро тело 7.Работа која ја посакувам Исто како и предходниот одговор бидејќи и јас така сметам а + без здравје ништо друго нема да имам. А за работа не е битна кога ги имам првите работи
1 Здравје- Најбитно е да си здрав! 2 Среќа- ако имаш среќа ќе добиеш пари, работа која ја посакуваш итн...
Првото место им го давам на здравјето и моите сакани, кога би била здрава и ги имам покрај мене моите сакани (да ми бидат и тие здрави и живи) се друго ќе ми дојде, а ако не дојде ќе го барам да го најдам. Не би можела да одлучам меѓу здравје и моите сакани затоа под број 1 ги одбирам заедно, а потоа: 2.среќа, ако имам среќа ми следува: 3.работата која ја посакувам, а со неа ми идат: 4.парите.. после парите: 5.доброто тело и за крај младоста (и онака таа е минлива).
Здравје, зашто без него ништо. Среќа, и без тоа речиси ништо Моите сакани, зашто само покрај нив би можела да останам здрава и среќна. Работа која ја посакувам и пари заедно. Добро тело нема ни да го набројам, не ми е приоритет, а освен тоа зависи исклучиво од мене дали ќе останам во форма или не. Младоста, можеби дека имам само 21 година, сега не ја сметам за особено важна, но убедена сум дека и на 60 години ако ги имам погоре набројаните работи, нема да патам за младоста и ќе бидам презадоволна.
Здравје.Бидејќи ако го имаш здравјето со него ќе постигнеш скоро се,а без него џабе ти се пари и се друго.