Вака би наредила јас: 1. Здравје 2. Среќа 3. Пари 4. Работа што ја посакувам 5. Моите сакани 6. Младост 7. Добро тело. Ако ги имаш некои од горенаведените работи добро тело не ти бега.
Според мене здравјето е на 1 место без него ништо не праиме,потоа се моите сакани,среќата.........На последно место би ја ставила работата што ја посакувам бидејќи сметам дека мојот живот ќе има смисла и без тоа
хммм.. Здравјето е најбитно но јас би умрела за моето семејство така што на прво место ми се моите сакани, па здравјето, па работата што ја посакувам...да го правиш тоа што сакаш иде среќа, како и награда за трудот пари, а добро тело и младост некако не ни ги ставам во листата на приоритет, сакам се да си тече како што е, нема фајде да си млад само!
1. Здравје 2. Моите сакани 3. Младост 4. Работата што ја посакувам 5.Среќа 6. Добро тело 7. Пари *(битни се, но денес за којзнае кој пат се уверив дека не ги купуваат сите горенаведени работи)
На прво место ќе одберам здравје,потоа моите сакани ,и работа која ја посакувам.Среќата според мене е целина од здравје,работа и саканите личности да бидат покрај мене. Младоста е минлива,а добро тело може да одржува само здрав човек. Од мене тоа
Најмногу ми значи ЗДРАВЈЕТО од проста причина што ништо не правиме без него, а последно би одбрала некоја работа која ја сакам затоа што едноставно не е нешто неопходно.
Здравје и моите сакани. Без здравје и без нив мислам дека животот нема да ми е целосен, исполнет, убав, среќен. Како ќе имам среќа ако нема кој да ме насмее или ако не можам да се насмеам затоа што сум болна? А тоа што најмалку го сакам, односно последно што би го одбрала е младоста. Сакам да сум млада секако(кој не го сака тоа), но не сакам вечно да бидам млада. Сакам да видам каков е животот и во староста.
2.среќа 6.здравје 7.вашите сакани Дефинитивно ова!Другото се може со тек на време да се постигне се разбира освен младоста (ама еден ден сите ќе остариме ). Овие горенаведените работи што ги избрав не се постигнуваат,тие само се задржуваат И барем за мене се најважни во животот