Здраво почитувани, би ве прашал што попрво би избрале помеѓу 1.пари 2.среќа 3.добро тело 4.работа која ја посакувате 5.младост 6.здравје 7.вашите сакани Која од овие работи ви значи најмногу,која најмалку и зошто? Ќе ги подредам вака... 1.моите сакани 2.здравје 3.пари 4.дооооброо тело 5.работа која ја посакувам 6.младост и 7.среќа..
Иако веке е касно,јас да си искоментирам... 1 Здравје,семејството (првите две работи се овие) 2 Пари,среќа...и после се останато
Вака ги подредив најбитните работи во мојот живот 1.Моите сакани 2.Здравје 3.Среќа 4.Пари 5.Работата која ја посакувам 6.Добро тело 7.Младост
Многу работи се поврзани .Здравјето е пресудно ,но здравје без финансии = 0 .Среќата сите ја гледаме на различен начин ,некој преку материјалните работи а некој и преку духовните .Според мене човек кога се познава себеси и знае што сака и колку може да придонесе за себе е доволно среќен а се друго во животот го заслужуваме и заработуваме некако .
Здравје, дефинитивно. Џабе ми е среќата па и се останато, ако немам здравје. Единствената работа која ја имаме , само треба да знаеме да ја зачуваме... ако почнеме да ја губиме што ќе ни се пари, среќа, тело, всушност не би ги имале доколку го немаме здравјето.