Што подготвувате за бадниковата вечер и Божиќ

Дискусија во 'Религија' започната од Окситоцин ❤️, 6 јануари 2023.

  1. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.391
    Пол:
    Женски
    Јаткасти плодови и овошје само
    друго не знам да готвам а сама живеам, баш ми фалеше прекрасната бадникова трпеза. ;(
     
    На Rama и Beautiful Dreams им се допаѓа ова.
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.565
    Допаѓања:
    38.143
    Пол:
    Женски
    И јас би требало од истото место да сум дека и ние за Василица ставаме паричка ама викаме комат, а не мазник. Не знам мазник како е литературно?
    И немам слушнато за палачинки со лук па баш тоа сакав да прашам како се прават? И од каде потекнува тоа баш такви да се прават, дали лукот има некое значење?

    Бадник: лепче со паричка
    Пита со праз
    Ореви, костени, суво грозје, брусница, смокви, локум

    Божиќ: шишарки
     
    На tambelina и Rama им се допаѓа ова.
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.558
    Допаѓања:
    55.407
    Пол:
    Женски
    Питулици се викаат на дијалект, реков палачинки за да ме разберат подобро сите, ама и навистина се прават слично ко палачинките, со брашно и вода во тавче кое претходно се премачкува со малку кромид. Откако ќе се направат, се попрскуваат со топла водичка, и се ставаат во тава, ред по ред питулици, и помеѓу секој ред се става сецкано лукче, ставаме некогаш и сецкан орев, за да не се осеќа лукчето.
    Ова е стар адет во мојот крај, значењето би требало да биде дека мора да бидат посни за Бадник дека е строг пост и затоа со лук. Ама јас не испостив, и покрај тие со лук, јадев и со урда кои се прават на истиот начин.
    А мазник мислам литературно би требало да биде вртена пита :)
     
    Последна измена: 10 јануари 2023
    На tambelina, gjoker4e и Окситоцин ❤️ им се допаѓа ова.
  4. Bubiška

    Bubiška Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2021
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    1.106
    Пол:
    Женски
    Доаѓа Бадник и Божиќ почнавте ли со подготовките?Баклавата е готова,зелник се спрема,вечер колачиња ќе направам и посна сарма.Утре грав и лепче со паричка ,овошје и ореви има и со добра мисла за здравје и среќа да ги прославиме најубавите празници.
     
    На tambelina и Milobebence им се допаѓа ова.