Па јас пред година дена мислев дека тоа е нешто како флертување ,тука на форумот прочитав дека е да се лапаш,да се стискаш само за една ноќ
Neznaev kade da go postavam prasanjevo izvinete ako ja pogresiv temata..sega mozebi prasanjevo e malce glupavo no...na koja sredba bi dozvolile nekoj da ve smuva? Prva, vtora..?
Во наше време мување беше лапање за една вечер ама денес се е сменето. Очигледно. Многу сме биле заостанати ние од 70-80 години.
И мување неможе со секого факт е, мора со некој што те привлекува барем малце , не сум од тие безвезе лапачки ако се мувам се мувам со некој што ми се допаѓа ми има некои убави карактеристики. Во мало градче сме се знае кој е кој
Си се насмеав кога ја видов темава па си викам ај да додадам нешто. Пред месец два разговарам со една братучетка - колку мувачи сум имала и јас бројам и таа ми вика оооооооооо па ти си се растурала абе девојче и викам, што е мувач според тебе - тоа луѓе мои ми кажа вака - па тоа ти е секс за една ноќ евентуално два - и јас цела ?????????????????? ај си викамммммммм јас проста низаедна )))
Да се бакнуваш со некого еднаш онака или да излегуваш со некој подолго време за да се запознаете и бакнувате. Се зависи од луѓето реално, или ќе прејде во врска или ќе се прекине.
Според моето мислење,мување подразбира мала и кратка врска помеѓе момче и девојче кое не вклучува секс,но присутно е само бакнувањето.
Јас под мување подразбирам бакнување без понатамошни обврски на поединците т.е оние кои се мувале не се во врска и може да излегуваат и со други партнери но и да продолжат да се муваат ( нешто како отворените врски ) но без секс .
Дефиниција за мување: лапање муви. Мување ви е прва (потенцијална) фаза за врска после запознавање. Прво се мувате ( се глеате некое време) се лапате, чепкате а-у и после ако продолжите да се глеате чекорите кон врска до магичниот момент кога ќе се договорите да направите следен чекор - да не се мувате, да се фатите од што ви е јако па и да се клецнете а да не остане тоа само на глуп муабет мување. Мувачици сум имал мал милион у споредба со просечните машки а сеа како што стареам мувањата ми се дефинитивна предигра за сексуален однос со женска личност Иначе коа бевме мали мувањето беше лапање за една вечер,па ако се видите пак некад ако сакате пак ќе се лигавите по ќошевите или клупите или било кај, а тој мал милион ми е од пола што биле по една вечер. Совет: Не се лапајте со секој (непознат) , помислете што се е можно да ставал во уста пред да ви се спојат јазиците ????? Има секакви нееволуирани смешни фаци. Чувајте се! п.с: Порано имаше епидемија на некоја болест што се пренесуваше преку плунка. Баш преку лапање закачија многу деца вакво нешто.Не знам дали му текнува на некој на ова?
Порано кога ќе ме прашаше некој имаш ли мувач јас велев не оти не знаев што е тоа а сега под мување подразбирам се бидејќи за децата тоа е само бакнеж а за возрасните и секс за разонода за една ноќ
Мување е за мене бакнување со усните само не ова -> мислам ме сфативте.А лапање со јазики тоа дали ќе е за еднаш два пати 100 пати не знаев дека така било порано.