Со истиот од едно мување, до друго, колку време поминало? Или од еден до друг мувач колку време поминало?
Се немам мувано* ни сега ни ко помлад. Мразам муви. Слушам кој си има мува на капата вика иш, не сакам ни капа ни мува, ни да се чуе од мене *не-артикулиран звук* иш. штознам не сакам да се ограничувам, или сме во *скоро се е дозволено зона* или не сме блиски на таков начин. *лажев штознам што подразбирате под мување, или пар месеци или никад, нема да читам прва страна мрза сум, за да се надоврзам со муабетов паузи измеѓу.
Гарант си помала? Мување е кога си во необврзувачка врска со некој, без разлика дали трае еден ден или 5 години.
Мувањето денес подразбира необавезен секс или проба дали си „одговарате’. Инаку под мување би требало да се подразбира она што некогаш се нарекувало додворување или давање ишарет кажасно по старо дека некој ти се допаѓа. Денес се е некако убрзано, се прескокнуваат многу чекори, многу бргу се препуштаме на животинскиот нагон и преминувамме на парење.... Јас се сеќавам кога ја бакнав првата девојка па тоа беше бура од емоции тресење колена лупање срце, месеци претходно додворување... Сега се лапаат се фаќаат и викаат ма не, не сме во врска само се муваме. Ајде да не звучам многу патетично но љубовта е многу поубава додека се чека отколку веднаш да ти биде дадено се на тацна. Десанка Максимовиќ одамна напишала: „Љубав је лепа само док се чека, док о себи само наговештај да“.
Мување, тепање на досада што друго. Памтам еднаш прочитав : Порано се знаеше ќе се залапате и готово дечко и девојка сте, сега ќе се утепат од е*ење и пак незнат на што се.
Тоа стварно ми е интересно, како денес ги дефинирате врските? Ова само по филмови го гледав (ко стар човек), се гледате со месеци, може и години и не знаете дали сте во врска? Може да ми појасните малку?
Единстевно само од примери што сум ги гледала лично можам да ти објаснам некако. Во денешно време со ваква младина, незнат што е мување, бидејќи машките не сакат бакнежи не им било по ќејф и не било во мода, туку одма секс. Ако девојката одбие одма се почнува глупа, ку*ва и сл. А, ако прифати па тогаш искусна беше си е знае работата, во спротивно абе глупа е не ќе ја учам јас. Значи сега секс сметат и на прво видување и на се. Пример од една другарка постара 1 год. од мене имаше двајца секс партнери, кога едниот не беше тука со другиот и така, ама се слуша само за таа работа друго ништо ни малце од некаква ете класична врска. Се надева објаснив барем нешто. Да напоменам, не сум ти јас од овие модерниве сега, си го сакам она некогашното со еден партнер се да си имам и се да ми биде.
Најмногу ми забоде очи тоа дека ако го одбиеш некој, тогаш те нарекува ку*ва. Имав на некоја тема баш пишано: За машко е ку*ва, онаа со која тој сака да има секс, ама таа не сака. И еве, емпириски доказ. Фала ти за одговорот малечко