Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што подразбирате под мување?

Дискусија во 'Сингл' започната од kate16, 14 април 2010.

  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Значи според твое размислување прво треба да се муваш со некого (извини да се лапаш и да се фаќаш) а потоа да чекаш дечкото да ти предложи врска, а ако ти сакаш да имаш врска со него а тој не сака што тогаш, ќе си се мувате се додека тој се реши дали те сака за да има врска со тебе или да си најде друга мувачица која му е потенцијална девојка...
    Апсолутно погрешно-мувањето е взаемна одлука, мувањето може но не мора да прерасне во врска, тоа ти е врска без обврска, едноставно взаемно задоволство без притоа да имаш било каква обврска кон другата личност (во смисла слушање по телефон, договарање за излегување, верност итн.итн) ...може случајно или намерно да се сретнете и да се мувате, може да го видиш со друга девојка и не му се лутиш, ти можеш да си со друг - мувачот не се лути...Ако се појави лутење и љубомора тогаш обично тоа е знак дека мувањето може да прерасне во нешто посериозно, но може и да биде знак дека треба да се стави крај на мувањето со дотичната особа...Е тоа е мување.
     
    На Nika666 и mila85 им се допаѓа ова.
  2. mila85

    mila85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    50
    Се согласувам со Лолита..

    Искрено, јас како помала сум се мувала, ми се засвиѓале ( ама не до тој степен да ги сакам за дечковци ) некои типови, и сум се смувала со нив, се се сведуваше на лапање, драпање, ај се чекаме ваму-таму.....и на тоа и остана. Да бидам реална, проста сум била што сум го губела времето со нив, бидејќи мало место, мала населба, ќе се смуваш и сите ќе дознаат, не дека другите не го правеле тоа, ама ете некој ќе биде црна овца. Денес, а и порано, во мое време, ретко некој од мување да премине во врска ( ИМА, АМА РЕТКО ) зошто ако на некој дечко му се свиѓаш, тој ќе сака да те гледа и има секој ден, а не кога ќе му текне, денес па утре па за 3 недели, кога ќе му се присака да фати нешто. Мувањето мене ми се сведуваше тогаш само на тоа, иако мислам дека денес се лапаш, драпаш и имаш секс, и чао пријатно, тој на своја страна, она на своја и така!

    Денес не би се смувала со никој, едноставно времето ми е скапоцено, и не го трошам на секој сељак што ќе сака нешто, а од старт приметувам кој и што сака.

    ДЕфиниција за мување - се лапате, драпате, во краен случај ако му дозволите се е....е, и потоа секој дома, нема телефони, нема излегување заедно, не му го знаете друштвото ( иако друштвото знае за вас), и нормално се гледате пак по 2 недели, пак на старо, се додека на еден од вас животот не ви добие друга димензија.
     
  3. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Под мување...хм.
    Се договараш,искачаш,лизнеш лапнеш драпнеш,муабетче,без обврски еден ко друг,и ајт чао пријатно. :)

    Иако сметам дека е губење време.Дур се шлапам со еден без обврски,можам да створам убава врска... :)
     
    На xxAngelxx му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Plavokosa

    Plavokosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    20
    мување за мене е кога излегувам со некој од време-навреме, значи, понекогаш. а доколку нема проблеми кај мене и кај него и доколку е тајно, може да трае, значи да се гледаме и натака понекогаш. и не ми е навредливо ова затоа што пробувам да биде тајно.
     
  5. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    ја муавњето го сваќам како едн вид забава значи ете случајно или намерно ќе се видите ќе ти се здосвиѓа ќе се забавувате тој ден ке се лапате ова она и е мн добро за тепање досада или ако си разочаран од нешто едно ставно ќе излезеш ќе се забавувас него да седиш дома и да се нервираш а можно е и од мување да се започне квалитетна врска и ова ми се има десено ниш чудо и нема ништо против мувње само проблемот е што сме мала земња мал град се се знае за секого скоро и одма муабто ова она
     
  6. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Со тек на времето мувањево се подели на неколку типови.
    Имате мување за една вечер. Тоа ми е најбедното кое ич не го практикувам.
    Имате мување од забава кое ќе трае подолго од една вечер.
    Постојано мување кое води кон врска. Ова е мојот тип. :rofl:
    Мување на пијано итн...

    Секој може да го гледа на него различно, зависно од ситуациите. :)
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.818
    Пол:
    Женски
    Па може баш со тој што се шлапаш ќе испадне од безврска врска ;)
    Многу приказни така почнале, од мување. Додуша сега почесто се муваат, па после не знаеш дали идете или не, па си ја чикаш главата некое време додека се официјализира :lol: И правиш стратегии :!:
     
  8. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Што е отворена врска?


    Последнава година, освен многу феномени што се случија, тука е и феноменот отворена врска. Што е отворена врска – седење на два стола истовремено. Тешко остварливо, но бидејќи овој феномен доби завидно место официјално на „Фејсбук“, можеби е можно. Факт е дека денес работите стануваат официјални дури кога ќе се најдат на „Фејсбук“.

    Што би значело отворена врска?

    Според името, тоа би била врска што секогаш има место за влез, но и место за излез. Многу модерна работа последниве години, но и доказ дека сè што е модерно не мора да биде и добро. Да бидете во отворена врска звучи примамливо. Во секој миг имате некого со кого сте, а всушност не сте. Не ве врзуваат сите тие глупости и бесмислици како што се посветувањето, врзувањето, решавањето проблеми... додека оди - оди, кога станува едноставно - заминувате, зашто никогаш не сте се обврзале дека ќе останете. Истовремено, освен што не сте се обврзале на останување, не сте се обврзале ни на верност. Можете да бидете со неа. Но, и со илјада други девојки, а притоа да не ја изневерите. Зошто вие сте во – отворена врска!

    Како се воспоставува отворена врска?

    Од моја гледна точка, отворената врска е утопија во која веруваат оние што не сакаат да се врзат за работите, но не сакаат ни да имаат обични секс-комбинации. Прашањето е што сакаат? Токму како што споменавме на почетокот – да седат на два стола, а така, драги мои, не е можно. Затоа не се занесувајте дека вашиот статус на отворена врска, дури и на „Фејсбук“ ќе трае вечно. Луѓето се моногамен вид и затоа тоа моногамно во еден миг вашата отворена врска ќе ја преформулира или во затворена или во поранешна. Тој статус што сте го навеле на вашиот профил значи дека сте „проститутки“, машки или женски зависи исклучиво само од полот. Жал ми е што моравме вака да ви соопштиме. Можеби малку по грубо отколку што може гордоста да ви поднесе, но и нашата гордост е повредена со секој ваш статус на „Фејсбук“ - ОПЕН РИЛЕЈШНШИП со кој ги убивате сите традиционални вредности.

    Совет: ако сакате групен секс, така кажете. Во спротивно – пораснете.


    http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/Razono ... rena-vrska
     
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Што знам,кога некој мување ќе ми рече,не мислам врска да створам од тоа...А дека може може.Ама сепак поубаво ми е кога некој ќе рече,ае да пробаме врска...Барем знам на што сум,не си лупам глава. :lol:
     
  10. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    под мување подразбирам излегување со некој без никакви обврски. границата за мувањето не е кај секој иста кај некој е само лапање и толку, кај некој под мување се мисли секс без обврски - се зависи од возраста, принципи бла бла. порано ми беше ок мување претежно со некој што физички ме привлекува а знам дека во врска со него никако не би функционирала, и зошто да не, ама сега ...не е тоа за мене :) :) :)
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.818
    Пол:
    Женски
    Јас и дечко ми така почнавме со мување, па после некое време се фативме, па раскинавме, па пак се мувавме, па пак се фативме и на крај се веривме. Никогаш не се знае во животот како ќе испаднат работите и каде се крие среќата :)
     
  12. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Е да,за среќата си тука.А на крај краева,ако си ја бараш,ќе си ја најдеш :) Некогаш е убаво така,сепак мораш да видиш и како се лиже човекот,дали има страст во плунката :D Ако нема,ништо од работата :)
     
  13. LostInThePast

    LostInThePast Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    56
    Под мување подразбирам бакнување со момче/девојка со кое не си во врска.
    Истотака под мување подразбирам лапање = сочно долго бакнување со јазик :))
    Ние во друштво викаме : Се почнува со мување :D
     
  14. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Мување- бакнување(воедно и искачање) со некој пред врска, но и немора да заврши со врска, може да остане само на мување. :)
     
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Неофицијален физички контакт меѓу двајца :) .
    Значи се што е во доменот на физичкото задоволство, а не е поткрепено со обврска за редовно слушање и гледање, нема потреба од верност т.е. нема ни една од оние обрзувачки црти својствени на врската.
    Задоволство вон врска прочистено од длабоки емоции, повеќе нагонски насочена хемија кон физичка реализација :D и без одреден ред и правила од повторување или постојаност.
    Може да премине во врска, но и не мора.
     
    На Philosopher и Phyramide им се допаѓа ова.
  16. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    А мувачите не се бројат, нели? Нели, не се бројат? :?: Не се бројат! :rock:
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Кратко и јасно ко бебешка чиста солза.
    Дај да те фатам, за после и ти мене малку да ме фатиш, па после можеш да ми се фатиш, или јас да ти се фатам, или да се фатиме.

    Четврто, нема :)
     
    На Theodora, lolyta777 и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
  18. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Хах..па сега како да не се бројат ако на секој ќош се наоѓа по некој твој бивши-со кој си се мувала една вечер...со други зборови мислам-ако си се мувала со поише :D :) ја лично мислам дека би требало да се бројат-само тогаш би имале граница до каде треба а до каде не треба да се иде ;) поздрав
     
  19. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Мување. :smirk:

    Па кај младинава е застапено како нешто... кој си, чиј си - мање битно, дојди да се бакнеме, со малце јазиче, без трошка раче, гушки-мушки или после мување тушки - нема, галење по косица ич, ако ни се бендиса утре во исто време тука на исто место ке си се најдеме, ако не - ти ке ме чекаш сигурно батка, кај мене нема промашај, јас ке си ја ишкам мувата. :wasntme:
    Ако дојде до втор дејт, автоматски сме на втор левел, допуштено е галење по косица, ама внимателно и помала примена на прсти да не отвараме теми за бременост на фемина. :drunk:


    Ништо посебно.
    Ех, јас сум се мувала со месеци со еден типац и никому ништо. :wasntme:
    А се мувал - не се мувал, пак со мувите на глава ке си останеш.
    А можам и да се одмувам до креветон зашто почнав да лупетам на велико.
    Мува рокс.
    Мувски поздрав од Мерлин од II-б.
     
    На ku4ence, sweetyears, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  20. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Биле две муви се мувале , дошол бумбар и ги збумбарил..... е бог да чува е темава :rofl: , мување значи без никакви обвски да си го направите меракот 8)