мувањето ми е онака баш „без везе“... Пролазно нешто, колку да се има некој за лапкање ииии тако даље. Буквално врска без обврска
Мување е коа ти се свиѓа некој, флертуваш со него, после следуваат допири, лапкање, и на крај секој си оде по своите патишта, без обврски, и без прашања, може и следна средба, а и не мора, било шо било, готово
Мафтање со некој за една до две вечери..може да има физичка привлечност но прави чувства јок! или ретко..као да се бацуваш со сунгер! не ми се допаѓа мувањево,ми нема поента!
бакнување, лапање, фаќање со рацете над облеката, гушкање, смешкање, најчесто после пијанство навечер....на тоа ме асоцира мене....иначе зависи пред се` од возраста, за тинејџерките тоа е чувство исто како да легнале со него.., иако денес се многу понапредни се` на се` глупава работа ми е
повеќево како шо гледам сите зборите мување дека е лапање,гушкање итн за веќер ден,недела или слично... за мене мување се подразбира ШО И ДА Е,БЕЗ ОБВРСКА ДА Е.без разлика дали секс,лапки,гушки итн
под мување подразбирам нешто без обврска..лапање мазење и тоа е.Кога ке си одиш дома немаш никаква обврска и тоа останува меѓу вас.
Ајде да објаснам малку поинаку. Излегуваш со другарка ти и гледаш преубава ИГРАЧКА. Ја гледаш, многу ти се допаѓа, но знаеш дека не можеш, а и не сакаш да и обрниш доволно внимание за да биде нешто повеќе од играчка. Ја гледаш играчкава преубава само ти доаѓа да ја бакнуваш. Играчкава почнува да се движи кон тебе. И флертува. Па те бакнува. Ти ја гушкаш, ја допираш, ја малтретираш малку и доаѓа време да си оди одиш дома и и даваш до знаење на играчката дека е само играчка. Е потоа зависи дали ќе има следна средба или не. Зависи од тоа дали играчката ќе прифати да биди играчка или не. И така можиш да ја гледаш секој ден ама таа да не ти дозволува секој ден да си играш со неа. Можиш да си играш секој викенд. Можиш да ја видиш уште еднаш. А може да се случи и воопшто да не ја видиш повеќе. За мувањето да биди мување, едно треба да е кристално јасно Не смееш во ниеден момент играчката да ја сфатиш премногу сериозно, ниту таа тебе. Не смеeш во ниеден момент на играчката да и кажиш дека ја сакаш и дека таа е твојата омилена играчка,затоа што тогаш не би била играчка. А во мувањето имаш само играчки и ништо повеќе.
Мувањето е само за 1 вечер,без обврски и нема потреба да си разменуваат број...Добро е ако двајцата се свесни дека е мување,за да нема плачки после!
Живи глупостииииииии! Ма никогаш нема да се мувам чисто ради реда. Врска да, а само мување? Не долаѓа у обзир! Патетични ми се цурите што искачаат со цел да смуваат нешо, и машките исто! Не ми е јасно, нит го знае, а му скока у раце од прва, после се чуди ја етикирале ко лесна :? Повеќе памет во глава и за моја и идни генерации
На оваа возраст сега, мување за мене е губење време. Или си со некој или не си. Незрело ми е да бидам некаде помеѓу.
Под мување разбирам лапкање со некој што не се познавате премногу,и со некој што само ти се допаѓа т.е немаш некои силни чувства кон него...и дечкото да не си дава право да те замара и да те испрашува каде си била со кој,зошто како....како што кажаа погоре-врска без обврска
Мување ти е кога сред лето со отворен прозор твоите ќе пресечат лубеница, па ко ќе се налепат едно 200 муви, па секој со тепалчето во рака ПЛАС ПЛАС, и ондак со салфетка БРИШИ БРИШИ по прозорите. Или кога симпатијата ќе ти пројде едно 10 пати ваму таму пред куќа, па мајка ти ќе го примети и ќе те праша: Добро ма што се МУВА оној нон стоп пред куќа? Има и некои други мувања, ама за тоа подоцна.
Mување... се бацуваат без обврски.. Ке се ‘‘смуваат‘‘ и ај чао.. Барем јас така мислам. А и мајка ми го користи тиј израз кога јас невротично одам од соба до соба или околу неа се врткам.. Ќе ми рече што се муваш цел ден ај тргни ми се.. Мене ќе ми дојде смешно .. Ќе се сетам Што стварно значи зборов и и се смеам у фаца хихихи
Излегување и забавување без обврски! Нема потреба да си заљубен за да се муваш со некој,можи и онака само тоа да е обично допаѓање. Јас би рекла лапање една ноќ