Нашево почна како мување на прва вечер кога излеговме. Тој беше иницијаторот да излеземе и ете се случи. После тоа се мувавме 3-4 пати излеговме. Па тој беше на пат месец дена. Вчера пак се мувавме ама имаше и интимни работи, за малце и секс ќе паднеше. Прашањето е колку време трае тоа мување, до сега само со долги врски сум се справувала, кои почнале како врски по првото мување. Не правиме муабет за нас, ама малце ми е глупа ситацијава не знам на што сме. Како да дознаам без да ја заебам работава, да не избрзам???
За да не ја заебиш работата - мој проверен рецепт : нека покажи јака желба... ни мување ни пување на почеток... е ко ќе видиш дека е 100% запален за врска, тек тогаш сето...
па мување .. тоа е коа искачаш со некој а немаш обврска да и даваш извештај онака што би се рекло веза без обавеза а твојот случај..коа ќе искочиш провоцирај го малце и види на што си..
Лапкање бомбони Јас подразбирам мување у ребро спротивниот т.е СДК посилниот пол. Постојано мрчење и изјавување на општо незадоволство кон него. Сликовито Спојлер
За мене мување е излегување 1-2-3-4 пати со особа, пропратено со лапање, евентуално нешто 'побезобразно' ако сте поопуштени и желни за тоа. И секогаш една од тие особи се надева дека тоа „мување“ ќе прерасне во врска. Дефинитивно не сум веќе фан на ова, може беше некоја фаза во 1ва, 2ра средно сега тотално ми е одвратно.
според мене тоа е нешто како веза без обавеза и тоа е како еден пробен период да видиш дали би ти било убаво кога би бил во врска со личноста со која се муваш.
Лапање на клупа на кеј ил во парк. После тоа секој си брка своја работа се до следното видување на кое пак следи лапање.
Размена на плунки со навидум непозната персона во пијана ноќ. Денес би била поинаква дефиницијата за мување-имаш женска/дечко (пошто се муваш цела година со истата особа, а у меѓувреме не се гледаш со други), ама пак си кул зашто не си "зафатен". Уствари мување е термин за да означиш дека сакаш некого, ама пошто ти е страв да не те заебе, го викаш муватор (или да го заебеш, зашто се појавила нова персона) (енд ај донт ду дис шит)
Бакнување и лигавење на некоја клупа, обично на задскриено место. Без обврска и без да бидеш во врска со тој некој.
Разменување на плунки без обавеза дека он ќе ти биде прв и последен разменувач. Локацијата не е битна, важен е бројот. Во склоп со муабетов, пред извесно време, едно 14 годишно девојче ми се пофали (да, со горд глас го кажа тоа) дека до сега имала 80 `мувачи`. Што да и кажеш, не би да ја опаметувам, али пуштени ко куче од ланец деца - не носат ништо добро, освен број на `мувачи`.
Дефинирано од мене, мувањето е бакнување со некој кој што не ти дечко, притоа не си обврзан да му кажуваш на секои 5 минути каде си и со кого си, и имаш целосно право да си “вртиш’’ уште неколку фраери. Инаку јас со тој што се муваВ (2 вечери само) многу го засакав, бев сигурна дека нашето ќе потрае, но тој ме скрши и ми рече да сме останеле пријатели...Сеуште имам надеж дека е можно пак да има нешто но којзнае. Кратко и јасно - веза без обавеза.
Згаснување на задоволство со човек што не планираш да имаш ништо повеќе со него. - Од мене дефинирано. Врска без обрска. Искрено јас сум најголем противник,на ова! Најсериозно.Мразам вакви ствари.
Девојки можеби ќе се смеете но јас ќе си прашам..Викате мувањето била врска без обврска..Но што подразбирате под ''поголема'' врска..(мислам дали кога сте во врска не се мувате??)..па и кога ќе ви стане дечко се мувате,се лапате..итн.нели е исто?