под убаво тело подразбирам жена која се осеќа убаво кога ќе се погледне во огледало и има доста самодоверба! а тоа од типот стегнато меше, стегнато газе 90 60 90 некако ми се излетена работа!...жената која има гради, газе...се што бог дарил за да една девојка се чувствува женствена....а стегнатоста секој може да ја постигне...значи за мене убаво тело е она тело кое има се што Бог дарил за да секој кој што го види се чувствува пријатно....
Нема приоритети за убавина.. Секоја жена ако си има самодоверба и си го сака телото,е најзгодна на свет..Но еве што мислам дека е убаво.. Затегнато тело,облини,затегнат стомак,мускули на нозете..А секако и малце бутчиња и салце да се има не е на лошо, да има машко што да фати
Си имав и ја некоја дефиниција Х за тоа како треба да изгледа едно женско тело и уствари тоа ми било целта цеееел живот..она стандардот 90-60-90 (што никад нема да го имам пошто јебига имам гради плејбој вода да ми носи), рамен стомак, висина, ептен тенок струк, дугачки стегнати нозе бла бла..е све тоа фино до вчера коа така возејќи се у метро влага една девојка и ја сваќам дека ми паднала вилица.. Значи девојкава беше 165 максимум, немаше ич дугачки нозе а ни слаби, имаше и меше и голем задник..али беше ТОЛКУ ЖЕНСТВЕНА И СЕКСИ што ја озбилно мислам дека на цел вагон здив им застана коа она влезе!!! Најбитно: Знаеше како да се носи!!Беше у едно фустанче тесно кај градите и куковите малце пуштено кај стомакот да не и го отцртава, на штикли, со средена коса и целата беше онаква..порцеланска и негувана!! Наравоучение и Бар Рафаели да си, ако не си средена, облечена во склад со тоа што ти стои и ако не знаеш да се носиш со тоа што го имаш..ЏАБЕ!
Убаво тело имаа она жена која има долги нозе, убаво обликувано тело (бицепс, листовите да се отцртуваат, затегнат задник, цврст стомак итн). Да има мускулче, но сето тоа сосем умерено, колку да се истакне женственоста и сексипилот. Оној стандард 90-60-90 не го сметам за убаво тело. Секоја девојка има убаво тело, само треба да го истакне!
Ќе излажам ако речам дека ми се допаѓаат тела како Џеј Ло,Бјонсе или Ким Кардашијан. Напротив,ми се млитави, непропроционални,па дури и гзот на Кардашијан ми е чудовишен и грозен. Ок е све тоа,генетика што ти ја знам,ама...не ми се допаѓа. А и малку ми се глупи оние статии ко мажите сакаат ова,мажите сакаат она, мажите на крајот на краиштата ве сакаат вас ко личност,а дали сте мрзлива личност или динамична,исто така зависи од него каква сака. А на крајот, што ми е гајле што сакаат мажите, јас знам што сакам,сакам фит тело. Според мене овие се идеалните тела на Холивуд. По можност со поголеми гради.
секоја жена што го сака своето тело тоа за неа е убаво... убаво е кога се осеќаш најадено напиено и сепак ја имаш она убава фируга на себе..ни дебела ни слаба ни гладна ни пенајдена ни болна од тое нејадејне...тоа
Под убаво тело подразбирам еластично тело. Не мора да е слабо и претерано стегнато, но да изгледа женствено и да се движи елегантно и меко. Не ми се допаѓа тело формирано од фитнес, а ми се допаѓа тело формирано од пилатес или јога. Да има мускули, но не да ти се чини дека ќе прснат ако ги допреш. Ова да: Спојлер A ова не, не ми изгледа женствено воопшто: Спојлер Новиот поим за убавина и газлести жени и мене не ми се допаѓа. Посебно кога ќе ја видам Бијонсе на пример, како ја расипува елеганцијата на фустан на Ели Сааб. Таа градба на песочен часовник знае да изгледа многу вулгарно во тесен фустан, и мислам дека не треба дополнително да се истакнуваат контурите.
Немам одреден тип на убаво тело, кај мене повеќе важи она i like what i see. Убавото тело половина се одржува и со здрава исхрана и вежбање, и да имаш убаво тело тоа нема да се истакне во целост без овие работи. Иако има некои што ни припазуваат што јадат, ни вежбаат па пак се шланг и згодни, ама кај сите е различно. И јас исто не ги почитувам тие идеални пропорции 90-60-90, и не ми смета кај девојка да има малку повеќе мускулче, посебно сакам слабо дефинирани стомачни мускули, благо оформен бицепс, трицепс, единствено не сакам кај нозете кај бутовите да се познаваат дефинирани мускули. Сакам девојки со средна висина, со затегнати и оформени тела, на такво тело секое парче облека ќе стои. Џабе и најскапото и најубавото парче да го облече, на кое тело ќе го носи? Иако, еве Ким ако има тело на песочен часовник што сите го посакуваат, не ми се допаѓа ич. Нема висина, задникот и е преголем, ми се чини ќе препукне во некои претесни фустани, а остај задникот па и градите преголеми. Инаку, згодничка си е не викам е, ама пренагласени облини има. Јас од формиве на тело, сепак ја преферирам формата на превртен триаголник, или мешано - превртен триаголник со песочен часовник. Еве, јас ја имам првата форма, не сум многу висока, само тоа ми смета, ама слабичка сум таман, имам рамен стомак и без да вежбам а секој ден јадам тон благо, големи гради, слаби нозе (иако не ми се допаѓаат баш) е сега немам задник, т.е онака просек, сум видела некои што се како даска за сурфање позади. Сум добила и пофалби за изгледот, сите ми викаат ко манекенка сум личела, кај јас манекенка со 160 ама ајде ,ми викаат дека сум била слабичка па затоа така визуелно повисока сум изгледала. Значи, под убаво тело подразбирам извежбано, стегнато, витко, со малку поголеми гради и среден задник. Е тоа за мене ми е совршенство.
Го подразбирам моето. Мимс спомна да има само повеќе од 170 цм, јас ги имам толку и ми е топ. Мислам аман ... се е ствар на вкусови, некој сака манекенски тип, некој покрупни ... други потенки, некој повеќе облини, некој помалку, некој затегнато итн. Секој различно и перцепира различно тело. Негувано, одржано, младо, нераспливано и тело со вистинска душа во него е убаво тело.
Совршено тело - телото на секој жена - девојка! Важно е да си самоуверена и да се сакаш и почитуваш себе си, и да не ги слушаш другите!
Кој ги задал тие критериуми тенка половина,долги нозе и шо знам ти шо уште? Тоа се чисти глупости.Шо значи тоа ако немаш рамен стомак или имаш кратки нозе твоето тело не е совршено или не е убаво? Ти не можеш на секого да му угодуваш.Ако на пр. ако тебе ти се допаѓа твоето тело може мене не ми се допаѓа. Затоа треба да го имаме она тело во кое ние се чувствуваме убаво, а не да се трудиме на некого шо не е уопште битен да му угодуваме. Јас сум слаба и многу ми е гајле ако некој ме вика чечкалица или скелет итн. важно јас се чувствувам убаво во моето тело и си јадам колку сакам без да се здебелам.
Да не виси сало од никаде Тоа ми прво текна. како сакаш такво ќе имаш! Секоја жена има совршени делови на неа само што ние незнаеме да ги откриеме и да сооединиме во совршенство .
Незнам како би опишала со зборови, висока девојка ( не претерано ), долга и права нога, не многу заоблена половина, оформен задник, без некои дречливи облини.... Спојлер
За нас дамите,онака убаво затегнато тело без целулит и голем стомак. Дури ми е секси некоја кога ке видам со мало стомаче,па и моето додуша Висината,големината на градите,половината,е нешто шо и не може баш да го промениме. Ама да имаме убаво затегнато тело може да се испотиме малку и да постигнеме тоа шо сакаме,а не само да бараме изговори и да викаме ОК битно како се осеќа човек и да се убедуваме себе си дека и така сме си ОК. Безвезе и наивно е да се збори дека секој размер е секси и убаво за очите и душата.
Моево. Не, ама најсериозно мене ми се допаѓа моево тело иако би направила некои корекции. Не сум висока, само тоа ми пречи, а инаку имам големи гради, а рамен стомак, слаби нозе. Единствено што не ми се допаѓа е формата на градите, би сакала да се малку потопчести и поцврсти и тоа што немам голем задник, да имав барем среден ќе беше супер. Значи за мене убаво тело е најпрво здравото, затегнато тело, по можност да има средни или големи гради, рамен стомак, средна големина на задник и слаби нозе. Абе совршенство. Малку испадна дека се испофалив себе си, ама ај.
Според мене убаво тело е да биде нормално , ни слабо ни дебело , да биде затегнато без сало , масти , стрии , целулит , и со потемен тен да биде
Убави гради(не мора многу големи) рамен стомак(затегнато тело) затегнат задник долги исончани нозе.. Убави долги и нежни раце Средно висока ама поише висока средно дебела Не сум далеку од ова...Само уште рамен стомак и исончани нозе...Ама уше малце и ќе биде и тоа
Негувано, мазно како бебешко газе, со миризлива и нежна кожа. Тоа е првенствено за мене убаво тело. Облините, градбата, тежината се онакви како што проповедаат генетските предиспозиции и начинот на живот која го води секоја, сами го диктираме темпото поголем дел од времето за обликот на нашето тело. Ама сето потресување за фит-тело ми паѓа во вода кога ќе видам влакнеста, смрдлива, ненегувана девојка, со сува кожа која се перути или груба како шмиргла... згора на тоа со некој телесен мирис кој не се поднесува.