Фигура во облик на песочен часовник,височина од околу 170 цм. И најважно:телото да е средено и чисто.
Под убаво тело подразбирам нешто слично како Жизел,нејзиното е совршено,а за убаво го сметам нешто што наликува барем на неа. За неубави на пример ги сметам телата на Кардашијан,Бијонсе,Ники Минаж....
Повеќето другари кои ги имам згодно женско тело го дефинираат вака: Средна големина на гради, не виснати, стомаче не премногу стегнато, ама сепак убаво обликувано, напрчен задник, така поголем, да има што да се фати. Сум приметила дека секогаш се вртат по убаво обликуван поголем задник и коментираат колку добро изгледа, отколку по слаби девојки. Односно никогаш не сум била сведок на ситуација машко да се заврти и да се загледа по многу слаба девојка.
Под убаво тело подразбирамеее.... тело колку и да е дебело со целулит или стрии само човекот кој е во тоа тело навистина да се’ сака себе си Спојлер НЕ мислам на ептен дебелите кои не сакаат да бидат такви какви што се, па постојано јадат и се тешат со тоа дека се сакаат!! Да се разбереме има девојчиња кои не можат да изгледаат како Бијонсе, Шакира, Жизел или овие нашиве Маријана, Иванна... малку се пополнчки, ама ако ним не им смета-ќе кажам дека имаат поубаво тело и од нив! Да ги оставеме топ-моделите да држат диети и само на некоја јаболка или вода да пијат постојано! Па ајде дали телото е убаво ако можеш на девојката да и ги изброиш сите коски, а? Инако ако прашувате за некој од овие славните личности-ќе кажам Маријана Спојлер Се надевам дека бев јасна
Килограми и висина воопшто неважно. Важно е да има убав облик, телото да биде негувано и зацврстено. Под убаво тело не мислам јас маникенски пропорции и одредена висина. На пример мене можат да ме привлечат повеќе видови на убави тела. Треба да се гледа дека сепак девојката не е запуштена и дека обрнува внимание на својот изглед, да нема видлив целулит или стрии. Гради... не мора кој знае колкави. Мене ми се допаѓаат со средна големина. Тенка половина, широчки колкови, затегнат стомак (може и стомаче но без сало) убаво обликувани нозе (тоа не значи преслаби) туку се знае женствени и голем и цврст задник. Тоа би било тоа. Но, мислам дека вака општо гледано сите би се сложиле дека фигурата песочен часовник е идеална.
подразбирам девојка со убав задник,убави слаби нозе,убави гради.. значи девојка со облини,а не анорексични.
Убаво тело= негувана, мазна кожа, без несакани влакна, чоколаден тен; а што се однесува до обликот на телото, облини во стилот на Beyonce или Monica Bellucci, или подобро кажано сакам жени со облини- средно големи гради, тенка половина и големо, тртлесто газе (бразилско). Никако неможам да кажам дека некоја девојка/ жена е згодна доколку има нагласени мускули на стомак, раце, нозе...
нешто како телото на Бијонсе како што рекле и некои од претходните форумџики.. рамен стомак .. добар задник и средни гради
незнаев каде да го ставам па мислам дека е за овде.... проверете колку сте дебели и како изгледате, http://maxim.mk/proverete-dali-ste-debeli-eve-kolku-kilogrami-treba-da-imate-spored-visinata Спојлер ги померувате точките за висина и тежина а на сликата покажува како изгледате, одбирате пол и како изгледате под сликата понекогаш и вашето огледало може да лаже