Под убаво тело подразбирам се што е складно и со фини пропорции односно се што ми е убаво за око. Секако убавината е субјективна работа Според мене убави тела имаат Ким Кардашијан, Мерлин Монро, Бритни Спирс, манекенките на Викторија и многу други жени... Сликовито Бела Хадид исто и сестра и Гиги
Се согласувам за горните мислења, дека мажите повеќе се вртат по оние подебели со сало на задник еден куп, отколку на слаба девојка со зацврстено тело. Но кога ќе се соблечат се гледа убаво разликата кој се трудел за своето тело, а кој само се трткал.
Убаво тело според мене е не многу слабо, со облини и атрибути и средна висина. Имам видено една слика кај што plus size модел бутка една слаба кукла, во смисла дека слаба не значи секси. Ако ја најде некој сликата, ве молам баш постирајте ја
Па,најубаво од сите ми е на Изабел Гуларт-слабо,а мускулесто..пр. а грдо тело ми е со широки колкови,газиште дебело-пример Ким Кардашијан и слични...
Моето. Шала на страна. Секое тело е убаво на свој начин, исто како и самата личност. Тоа што ни прикажуваат медиумите нема врска со реалноста. Девојките од списанијата ги прават да се згодни и убави само за на женските да им создадат плус комплекси и притисок. Затоа можеби поголемиот дел не се прифаќаат. Сѐ зависи од нашата перцепција. Кога вистински ќе се прифатиме, тогаш и нашето тело ќе го гледаме како убава работа.
Подразбирам : Cute ми се допаѓаат овие девојќи што имаат природна маса и при тоа само си го затегаат телото во теретана до одредена граница без бицепс,трицепс на раце (тоа и не им треба) бидејќи со мал труд го постигнуваат токму најбитното јак задник и нога Битна е многу природата, природна маса,природно градена + теретана = мераци Одсекогаш ова тело за мене било факт за совршенство,уште како помала одсекогаш ми се допаѓале облините.
Судејќи по сликиве погоре, Ким Кардашијан како "влијателна фаца" врз младинава, го сруши поимот за згодна жена со убаво тело Силикони, дебели бутови и гзови не се ич поим за згодна женска, да се разбереме!
Не се согласувам а да ким не е згодна таа е деформирана а порано имаше убаво тело Голем подигнат задник полни бутови и тенка половина баш СЕ поим за згодна женска барем мнозинството така сметаме
Значи зборам за ДЕБЕЛИ бутови и задница. Еве барем погледни ги последните два поста со слики. Голем задник па и не ми баш убав за гледање...нормален и затегнат задник, да.
Секој со различни мислења и ставови нема потреба од осудување.Мене на пример совршенството не ми е нешто како Ким ниту пак како девојка премногу слаба.Сакам средни гради,не скроз рамен стомак и колкови не многу широки иии најмногу од се ми се допаѓа висока девојка со долги нозе.Не да биде број 36,може 38-40 Полна со самодоверба и природна.