Нема врска височината со убавото тело.Под убаво тело подразбирам добро негувана кожа,убава градба пред се,половината да е тенка и да соодветствува со колковите кои би биле малку истакнати и без сало,но понекогаш и малку сало ама ептен малку може да ми биде и убаво Е сега може да има и тело без целулит со добри пропорции без грам сало но тоа веќе би било повеќе од убаво тело,би било совршено што ретко кој го има,па ни погоре споменативе Ева Лонгорија или Бритни Спирс кои ги гледаме дотерани со фотошоп дури по малку и нереални,секоја чест на исклучоците...
Jas imam tenka polovina i dolgi ubavi noze. Ali toa ne e toa. Ti treba da si se sakash takva kakva shto si. I taka kje ti bide najdobro. <3
Како прво да биде негувано, рамно стомаче, не сега со мускули хаха ама да не рипа над фармерки . Височината мислам дека не е пресудна за да имаш убаво тело. Еве јас на пример висока сум окулу 167 и задоволна сум од мојот изглед. Ништо не би сакала да сменам освен малку куковите да бидат поизразени ,градите ми се супер,така поголеми . А најважно од се е држењето на телото, значи ставот, одењето. Според мене и да немаш толку убаво тело ако знаеш тоа што го имаш да го истакнеш и одржуваш ќе изгледаш убаво и заводливо
Се сложувам со последната реченица. Тоа што е твое, треба да се сака и негува и ќе биде убаво. а во моите критериуми убаво е женско тело со облини, не премногу слабо, со мазна и сјајна кожа.
Идеално женско тело ?! Мојата совршена слика за такво нешто изгледа прилично вака ( кратко и конкретно наведено ) : Рамен стомак , правилни пропорции ( кога го кажувам ова мислам на соодветно широки колкови и рамена ) соодветни облини ( гради , задник ..да се знае дека е жена ) убави прави нозе , здрава мазна кожа , добар тен ..и висината ...златна средина негувани стапала и дланки
Zategnati noze, race, stomak, proporcionalno telo, ne anoreksicno zatoa sto ne e zdravo i ne debelo zatoa sto ne e estetski. Mnogu e vazno da se ima i neguvana i zdrava koza, a isto taka i da se izbira soodvetna obleka koja i odgovara pred se na teloto da gi prikriva nedostatocite i gi istaknuva onie poubavite delovi bezrazlika kakva e modata.
Najbitno e da si se dopagas ti i da ti e udobno vo sopstvenoto telo(a i decko ti da te bendisuva )Sega,normalno ne da se pretera i da se ide do krajnosti so visok kg.Mene ne mi se dopagaat epten slabi,ispieni devojki,znaete kako velat-MASKITE NE SAKAAT KOSKI VO TANJIR,A NE PA VO KREVET I sekako da ima gradi i gaz(zena bez gaz kako drvo bez kora) :lol Znaci zlatna sredina e najdobro
Абе овој критериум за пропроции ни Да Винчи не можел ни да замисли дека може да го постави. Ма каков витрувијански човек,какви бакрачи. Ова е за мене убаво тело.Складно,со природни облини.Убави,просечно големи гради,убави рамења,тесна половина и богати,убаво обликувани колкови,стегнато бутче и убаво заоблено и стегнато задниче.Нозете не мора да бидат до плафон,ама да бидат прави и стегнати,a стомачето рамно. Не ми се допаѓаат девојки со широки колкови,тесна половина,широки рамења и...без цициња,па уште и криво ноџенце ...Знам неколку такви креатури,се идентификуваат со ЏејЛо...маки со макичиња...
Вики потполно се согласувам со тебе!!!Убавината на телото не ја прави височината туку обликот т.е. формата, и тоа дали телото е опуштено и со салце и стрии или е затегнато негувано.
Складно и пропорционално. Не ми се допаѓаат премногу слаби девојки. Како и да е, најмногу почитувам кога ќе видам извежбано тело, џабе облини ако гледам дека све и мрда ко пача на девојката. Стиснеш и уште пола саат се повлекува кожата. Нема поубаво од затегнато, спортско тело. Млитави девојки па уште и леви ме нервираат, некако сафра ме фаќа кога ќе видам такви, кај леви, кај несмасни па уште и ако се грбават Не сме сите родени со тело гром, нели, или поточно ретко кој е совршен, да не се лажеме. Ама ако девојката има убаво држење на телото и знае да се грижи за него тогаш верувам дека може да е поубава од билокоја аноректична манекенка, макар и имала недостатоци.
Ја не знам што имаш ти против анорексичните девојки..само нив ги спомнуваш а Дебелите не ги спомнуваш..не дека ги бранам..тоа е само нездрав начин на исхрана или пак самите тоа го сакаат т.е булимија.. да одг.на прашањето... убаво тело е тело СКЛАДНО на висината, била женската ниска или висока, телото да си е спрема неа.. преферирам потанка девојка..нормални гради, не силикони или нешто пре пре... и така.... =)))
Булимијата не значи дека се дебелее некој. Едноставно јаде ненормално многу и сето тоа го повраќа потоа. Не мора да покачи килажа. Дебелеењето може со задоволство да се прави постепено а килцата си се покачуваат. А анорексијата и булимијата се болести. Мислам дека младиве не ги ни сваќаат ич сериозно истите за жал. Речиси секој може да има убаво тело. Само треба труд. Здрав начин на исхрана, пилатес, теретана, домашни вежби, стомачни ... ама ако не мрзи тоа е друга работа. А повеќето не мрзи. Најубава девојка е девојка која се грижи за своето тело и истото го негува. Ни претерано да е вежбањето (како некои фитнес девојки со машки мускули) а ни претерано да јаде. Како и да е секоја девојка се стреми кон послаб изглед, преплавени сме со диети. Нема жена која не држела бар еднаш диета во животот. Јас се воодушевувам на жени со облини а се сепак слаби. Имаат рамен стомак, убав бут без целулит, газе, цицка си држат .... топ! Ама тоа и треба да си надарен. За слабеење може секој со труд, ама да ти пораснат цицки и газ тешко, тука треба природа Еве како Катерина во Вип преживеан. Ма топ е!
Под убаво тело подразбирам да е складно,да е во согласност висината со тежината.Не е убаво да бидеш многу слаб како некои маникенки (за мене тоа е претеризам),а исто не е убаво ни да си подебел.Најубаво-златна средина!
Булимија, многу девојки мислат можат да ослабат на тој начин..ке се најаде и после оп, пикни прстето у грлце, незнам ни како можат така бе, мене гадно ми е уф тука си грешка. јас немам држено диета преплавена сум со другарки кои сакаат да ослабат и се тоа..а ја само сакам да накачам некое кило..обратен проблем имам за жал =( цицка си држат.. да, за цицки и гз треба надареност, али нели ако се накачи килажа, автоматски и груди и гз се зголемуваат нели.... мислам дека со вежбање може и тоа да се постигне..а за мрзата да, и мене ме мрзи да вежбам секој ден викам ке почнам ке почнам и ништо
Да не биде девојката премногу слаба ама ни премногу дебела. Сакам рамен стомак кој за жал го немам, а сум слаба. Имам огромни гради и си ги мразам и воопшто не ми личат со целовкупната градба на телото зашто на другите места сум слаба. Значи да има нормални гради, добра половина, рамно стомаче но не со машки мускули, онака ни премногу голем газ ама ни премногу мал, и убави нозе, мене кај девојките нешто што најмногу ме воодушевува. И за жал ни нозе немам убави. Тенки ми се ко стапчиња, мада тоа ми е повеќе наследно и такви искривени. Знам дека за се треба вежба, и за да се исправи телото, да се истонира и слично ама ретко кој има време а и скоро сите ги мрзи, во тие што ги мрзи се вбројувам и јасс
Јас кога ке видам девојка, прво ја гледам во газот значи да има убав голем газ (напрчен) тенка половина и големи гради (средни) и рамената да бидат исти со колковите, се разбира и прави нозе и мислам висината нема врска има и пониски девојчиња кои имаат убаво тело и високи на пр неубаво тело ме разбирате така поззз
Совршено тело.. Ахх... Ни премалку, ни премногу! Златна средина! Ќе постирам слики, бидејќи тешко е да се објасни.
Се согласувам за Катерина,значи страшна е...на остров без шминка и совршена облека и ниту еден препарат за нега таа е топ во секој поглед.И да тоа според мене е совршено тело.Но никој не е роден со такво,барем јас уште немам сретнато некој таков,може да има убава градба, но ако се запушти, не вежба и јаде се живо и диво сигурно нема гените да направат чудо Значи жена која се грижи, го негува и одржува своето тело е здрава жена,сензуална и самоуверена,рамена и газ назад поглед право напред,кога гледам во таква жена,знам дека гледам жена самоуверена и задоволна со своето тело.Јас горе долу сум задоволна со моето,не сум за насловна ама тоа е,сакам да сум малку повисока,ама со штикли таман сум си,и страшно ме нервира целулитот на бутовите што никако неможам да го симанам(али откако научниците открија дека е знак на висока интелегенција,го занемарувам )И уште нешто,убаво тело ми е со облини,а нормална тежина, а не оние ептен слаби девојки без мевце на нив како подвижен стап Пример :up:
Јас по убаво тело подразбирам убави прави долги нозе ,средни гради ,топчест задник,рамен стомак,и да се нема целулит но сепак ова сето ретко кој го има мислам дека 99% од жените имаат целулит јас сум задоволна од своето тело имам долги прави нозе,средни гради,не бас топчест ама убав задник само уште да го немалам стомакот а целулит секако имам