Па, стекнати се со самото раѓање. А целулитот е прашање на време кога ќе се закачи ако го нема (малку штипкање е обично убав начин да потскокне) или веќе демне , ако Парис Хилтон и др. ѕвезди не се имуни и не успеваат да се изборат со него, како о како ние обичните смртници ?!
дарлинг после сите пластики у нив, шмукања чварки, затегања зад уши под коса ма ... дур се такви свежи тазе стегнати од чика доктор, како им само завидуем ја на таа нивна природна од бога дадена лепота, среќа они не се така со набилдана агенда ко нас смртниците па имаат време они за секој ден минимум два саати трчање, плус 200 стомачни и јадат се разбира воздух, вода не пијат мрсна им била велат
Мене поим за убаво тело ми е - убава кожа. Не мора да е стегнато, реално не сите имаат шанса да се одржуваат до толку, ама убава и негувана кожа се приметува и кај подебелки и кај послаби девојки. Сакам кога има некоја дефиниција на рацете, онакви раце ко салами ми се ептен одбивни, тенкичка половина и убави полни колкови (поддржани од добра задница), нормални прави нозе. Не мора да е телото совршено за да е убаво.
Нозете и задникот од девојкава... едноставно WOW !!! На Фејсбук има страница Gentleman's Choice на која се избираат најубавите девојки од земјите на Балканот. http://www.facebook.com/genschoice Какви девојки има, не можам да им се изнагледам !!! Значи навистина највисока концентрација на убави жени има на Балканот!
Негувано тело. Колку и да е некоја девојка згодна, ако видам олимписки кругови под мишка е грда. Или бркчиња ала Гоце Делчев. Или коса ала Брилијантин. Или кожа таква рошава, сува, гадна. Или поминува и се осеќаш како да поминал од оние камионине за ѓубре покрај тебе. И природна убавина ценам. Девојка не е убава ако можеш да и стиснеш желба во лицето. Значи, убаво тело според мене е златна средина, ни исушена ко изгорено чкорче, ни мрцина. Средена, природна, намирисана, ненападна. Тоа е убаво
Потполно се согласувам!!!Ми се случило кога се поздравувам со некоја,нели бакнеж во образ,некој чуден тежок мирис..незнам страшно,ниту искапена ниту алишта перени....иначе за мене убаво тело да имаш се по малце ни мн ниска,ни мн висока,средни гради (да не е без ич),струкче убаво(малце стомаче),газенце истакнато,и убави нозе не мн слаби...едноставно секси тело но ако не е негувана ЏАБЕЕЕ!!!!!(мн сум педантерија шо да правам) ....сигурна сум deka и ти natty
За стомачето никако неможам да ве сфатам, а гледам повеќето спомнавте дека стомаче ви е секси и убаво....значи до мене ама јас никако неможам да видам нешто секси во стомаче, макар и мало, минимално. Не ми е убаво ич, а и не џабе се бориме цел женски род vs стомаче. Мислам дека нема ништо посекси од стегнат стомак, со малку мускулчиња, мх мх зарем има нешто посекси и поубаво од ова Спојлер http://img.actressarchives.com/features/E707_Adriana-Lima-Tattoo.jpg еве и што е за мене секси струк и стомак Спојлер http://pi.b5z.net/i/u/230085/i/rebecca_leigh_model_rebeccamodel_hot_sexy_4_ezr.jpg
хммм искрено тоа на првата слика не ми се допаѓа... не знам зошто :/ јас порано имав затегнат стомак, со секоја коцкичка на него, затоа што вежбав.. меѓутоа, ќе ти кажам дека на сите им е секси малото стомаче и на машки и на женски, но секако терба да се разликува секси стомаче од сало кое паѓа како каиш над панталоните кога ќе лупнеме тесни фармерки и маичка... за мене секси тело - долги нозе, никако преслаби , топчесто газе со малку пошироки колкови, струкче, долг врат... еве ми го муабетот
Секое тело кое е затегнато и негувано е убаво.Не се битни секогаш градите,задникот,половината... Која е финтата да имаш огромни гради кои овенале како ружи или долги нозе,а криви или пак опремени со целулит. Битно е телото да се одржува.Секоја несовршеност го прави да изгледа уште поубаво. Преферирам девојки со облини Редовно манијачам
Не многу големи гради, некаде 85ка величина, убави затегнати раце, не многу долги нозе да не биде тело нема- нозе бандери, широки колкови тенка половина и убав газ, и тенки нозе без големи колена и листови, и без изразити мускули, рамен стомак...
http://www.youtube.com/watch?v=wxCCFU3HY_o Е вакво тело, само + подолги нозе . Но јас сум поборник секој да ужива во тоа што е самиот и да си се сака каков си е.
Убаво тело подразбирам убаво заоблени цврсти гради (не мора да се големи )долги нозено не преслаби ,тенка половина ,добар задник, рамен стомак сепак таквото убаво тело да биде резултат на грижа за сопствен изглед и здравје,да изгледа здрава и згодна а не да биде анорексична .Голема улога игра самодовербата колку таа го сака своето тело ,некогаш можеби нема да има совршено тело или нема да има слаби нозе и рамен стомак но девојката знае кој дел од телото да го истакне а кој да го покриеЗа девојки кои имаат убаво тело би ја навела Бијонси,Шакира и Бритни
Тенки, долги нозе, тенок струк, не многу широки колкови, гради средни по големина, и нежно заоблено задниче - отприлика тоа ми паѓа на памет кога помислувам на убаво тело
Еве што според мене претставува убаво, секси и женствено тело. Не коментирам повеќе сликите вредат милион зборови.
тело на кое не му штрчи ништо посебно, но мора да е некое пре слабо или па пре заоблено номално онака само да не виси сало од негде тоа ми е мене убаво тело , штознам..