За мене дефинитивно убаво тело е телото на некој што е задоволен со него и зрачи со самодоверба...а за формата, што знам...Бијонсе има убаво тело(имаме слично тело, па се идентификувам со неа )
Тело на кое се е пропорционално, да не е ништо премногу или премалку. Никако да не е премногу слабо, што значи да има убави облини, да изгледа женствено.
Хмм убаво тело се разбира да има облини тоа е колкови полобина тенка гради и целата фигура да наликува на икс но сепак убаво тело е тоа во кое се чувствувате убаво многу влијае самодовербата така да немора да се има перфектно тело кога и со маните се чуствувате перфектно и ако самите сте убедени во тоа влијае и на тугјото око
Според мене секој си има различен вкус за тело. Мене многу ми се допаѓа кога ќе видам девојка што се движи во границите на 90-60-90 иако таква ретко се наоѓа. Исто така сакам да гледам височки девојки од 1 70 па нагоре ( не премногу). Нозете сакам да се тенки, а не батачиња како што некои претпочитаат да имаат Широки раменици, едноставно песочен часовник. Јас за малку не ги исполнувам стандардите, јас сум мометално вазна ( тесна во градите и половината, огромни колкови ) Тоа е отприлика тоа
Ми се допаѓа кога ке видам девојка која е вита но со облини! значи понекогаш луѓето ги мешаат поимите,па вишокот на килограми го нарекуваат облини! ми се допаѓа коа ке видам убави кукови а рамно стомаче..јас сум сепак далеку од ова!
Висока девојка со долги танки нозе (не како стапчиња де), тенка половина, средна големина на градите (не многу мали, но не ни со енормна големина), мали колкови (пошироки од половината, нормално) и тртлест газ. Депилација, ова она и најважно од се, рамномерен тен на цело тело. Може и една до две карактеристични бемки.
Паа висина негде околу 170 цм, тенок струк, средно големи гради, истакнати бутчиња и цврсто газе. Што значи за да го достигнам својот идеал јас треба магично да израснам 11-12 цм и да си го стегнам газето и градите да ми останат цел месец како што ми се во ПМС
Јас под совршено тело подразбирам најпрво тело со облини-секси облини ,добар исончан тен,но не многу црн,мазна кожа како сатен,издепилирани нозе,раце,значи без ниедно влакно,МРАЗАМ ВЛАКНА! И зацврстени мускули ама не премногу и тоа да изгледа грозно,како што доликува на женско де,онака фини линии.И најважно да нема целулит е сега тоа малце е невозможно секогаш и воопшто-ретко кај некоја женска но да не се познава,можда ептен малце неприметлив да е.Тоа е за мене секси убаво женско тело.И нека се има малце облини,всушност во тоа е женственоста,не сакам анорексични девојки,тоа за мене не е секси.
Убаво женско тело ми е она кое личи на тело на жена, не на недоразвиено момче. Песочен часовник форма. Средни накај големи гради, но квалитетни, не китка-матка. Струк, колк, и заоблен, поголем задник. Нозете ми се на последно место. Нормално не криви или диреци, самата имам права и релативно долга нога, но не ја гледам убавината. Женава има 38 години, син, и е божица. Можда тро преголеми гради, ама нејзини си се, јас не би толкави. Еве ја у млади дани, перфектно тело. За стомачето, на жена ми е многу грдо мускулесто тело, па така и стомакот. Стегната да, разбацана не. Имам малку меше, и само у седење го осеќам, иначе сум рамна. Искрено, не би можела да се замислам така затегната во кожата, не ми е на око убаво ич. Не ме привлекувале ВС тела никогаш, не знам зошто.
Долги тенки нозе, тенка половина, рамен стомак, бујни гради, добар стегнат задник (а не мрсен ) мислам според мене си гледам јас
Баш пред малку дебатиравме со другарките на таа тема. Значи, секоја од нас има различни гледишта за тоа што е убаво женско тело. Мене ми се допаѓаат високи девојки, во глобала не сакам девојки со облини. За мене совршено тело претставува телото на Џесика Алба. Нешто вакво и задоволна сум
според мене Ирина Шејк(и не ппостои друга девојка која има толку совршено тело а не само не тело и права аристократска фаца па мислам хелоо со Роналдо оди ха ха )
Под убаво тело подразбирам здраво тело, стегнато тело кое поседува мускулна маса. Сите неможеме да го имаме телото за кое се верува дека е совршено,телото коеможеме да го сретнеме во кое и списание да го отвориме. Насекате се оние тенки, високи манекени, на телевизија исто. Јас под убаво тело подразбирам долга нога на која и се познаваат листовите и мускулите од горниот дел од ногата, рамно стомаче , стегнат испупчен газ, испакнати гради. Едноставно кажано тело на кое ништо не му виси, и салото е непознат поим. Е сега некоја девојка може да е висока, да има долги нозе, да има големи гради , но тоа не значи дека таа има убаво тело. Што и се долгите нозе ако и се целите млитави и позади е како кора од портокал. Што и се големите гради ако не и се цврсти туку виснати. Сметам дека секоја девојка може да има убаво тело со малку труд. За да имаш убаво тело не значи дека треба да си висок над 180 и пропорциите да ти се 90-60-90. Еве шо јас подразбирам под совршено тело, извежбано тело, активно тело.
Според мене,убаво тело би требало да изгледа некако вака А од формуџивките морам да признам дека според мене Miss-Independent има убаво тело,според до сега сликите што ги видов од сите.Без навреди.
Убаво женско тело според мене е тело кое е добро обликувано, стегнато. Но! во никој случај не мислам дека убаво тело имаат аноркесични манекенки.
Висина: 170+ Тежина: 50-65 kg (зависно од висина) Добри стомачни, како за женско на пр. Долги, прави нозе Средно голем, поткренат задник Топчести гради, со убава форма Се‘ на се‘ сметам дека секоја девојка е убава на свој начин, доколку таа се прифати таква каква што е! Секој има комплекс, да!-но нека биде тоа во граници на нормала! Кога не постои харизма, кога нема позитивна енергија во неа, тогаш и најубавото тело, најубавата насмевка-не се приметува! Секој треба да го носи тоа што му е дарено од Бог, на посебен, еден и единствен начин! Да блеска едноставно! лет шајн лејдис џст шајн, је!!!
Добро распоредени облини, па дури може и еееептееен мало стомаче Брат ми вика : "Женска без малку салце на неа не е женска", како и да е, мажите преферираат жени со облини.
Рамен стомак( може и малце стомачни) без спојлери, градите да се со средна големина, мали раменици, долги нозе и убаво газе