За мене убаво тело е стегнато тело. Нема потреба да си слабушка за да имаш добро и убаво, барем јас така мислам. Многу ми се допаѓа девојка со мало меше ама онака стегнато, не сакам нешто мускули ова она. Исто така мислам дека за убаво тело допринесува и негувана кожа, коса, лице и сл. Ете тоа за мене е убаво тело
Место во тело постави го прашањето во фитнес и ќе добиеш соодветен одговор. Има многу слични теми и не би било лошо прво да погледнеш што сме пишувале. Спојлерите се масно ткиво и се симнуваат со аеробен тренинг и правилна исхрана .
Да биди складно градена без разлика висина тежина, неможи висока цура сета со сало, изгледа како кобила и да има убаво тело.Нема смисла! Димензиите треба да си одговараат и секако важно е да биди малку постегната(да биди поактивна), да има убава негувана кожа итн.. и самодоверба нормално! Спред мене многуу добро тело!
Е ова е жена со тело за пример. Кога ја гледов во серијата Секс анд д` Сити и кога ја видов какво тело има (гола) леле...за жена на средна возрасти, мислам не млада, но не и стара, има перфектно тело. Тело за пример, не само за млади девојки, но и за жени на и над 40 ... Толкова е стегната, се гледа дека има здраво тело. Тело, кое би сакала да имам, кога имам нејзините години... И се восхитувам... И за протоколот...зборувам за Ким Катрал
Под убаво тело подразбирам тежина соодветна со висината, форма на песочен часовник со не преголеми или премали гради и задник - со еден збор: умерено. Убаво оформени мускули кои не се истакнуваат премногу, затегнати раце, долги нозе, рамен стомак и широки рамења.
Да има гради (ама не толку големи ) Да има мазни нозе Да има убав гз . А што е најважно и да има убав тен
Стегнато тело,тенка половина,долги нозе,да нема сало и целулит.Не сакам многу големи гради туку средни."Облини" како на Ким Кардашијан и Бијонсе не сакам.Сега не и да биде костур но во границите на нормалата. Но сепак мислам дека ретко на кој му се погодува да има се како што сака.На пример некој можеби има долги нози но има поширок струк и обратно.Мислам дека треба да си го сакаме телото такво како што е,затоа што секое тело е убаво на свој начин.Вишокот на килограми е друга работа,тоа е нешто што се менува и не е постојано. Ете јас отсекогаш сум сакала да имам долги нозе а моите не се баш.Имам малку поголеми гради а сакам да имам помали.Но сфаќам дека е невозможно да се има се што се посакува .
Така е пријателекеее = ) Треба да си се сакаме и да го сакаме и негуваме она коешто го имаме поради тоа што знаеме дека никој не е СОВРШЕН = )
Убаво тело за мене е исто што и здраво тело, затегната мускулатура и мазна кожа. А, пропорциите се веќе прашање на личен вкус...
Под убаво тело подразбирам, убаво стегнато без целулит, без вишок на килограми, со убав тен и мазна негувана кожа.
Средна големина на гради,убаво обликувани и цврсти,тенка половина,пошироки колкови,и малце подолга нога Заборавив да кажам и рамен стомак,нозете и рацете малце мускулести,и подигнат и цврст г‘з