1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што понатаму со симпатијата?

Дискусија во 'Сингл' започната од lovelygirl1, 14 април 2011.

  1. lovelygirl1

    lovelygirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    8
    Вака сега...
    Имам симпатија од школо, си живеам добро со негови двајца другари...
    На почетокот се боцкавме и си пишевме на фб... но вчера еден од неговите другари му кажа дека јас го свиѓам...
    Тој изреагирал добро, но денеска кога му напишав на фб, тој само со краток одговор (мхм) ми одговори и не продолживме да си пишуваме како пред тоа...
    Каде направив грешка и што понатаму да правам? ВЕ МОЛАМ ЗА МИСЛЕЊЕ И ПОМОШ
    Ви благодарам однапред :)
     
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Нигде не си направила грешка.
    Сега понатаму малку оттргни се. Почекај да ти пише и ќе се среди се.
    Немој да се нервираш ниту да се секираш. :)
    Еден ден слатко ќе си се смееш за боцкањето и се тоа. :)
     
  3. Philosopher

    Philosopher Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    Немај гајле срцка. Се ќе биде ОКЕЈ ;) Остај го сеа малку...
    Разговарај со твоите другари шо они мислат за него...т.е. за тоа дека го свиѓаш. Ако ти се толку блиски, па кажи им да разговараат со него, околу вас двајцата. Потруди се да дознаеш дали и он те свиѓа тебе. Ако те свиѓа тогаш да немаш гајле.. Се ќе си дојде само на свое место. ;) А од друга страна, ако не... :?: Па ако вреди за таков дечко да се бориш, иди до крај !! Ете ќе ти помогнат и другарите. :)
    I hope my advice will help you.
    Па пиши шо си напраила. :D :P
    Hugss...
     
  4. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Сонце, никаде не си згрешила, мислам дека и баш добро испаднало тоа што другарите му кажале дека ти се свиѓа ;)
    Јас искрено мислам дека тој така само ти вратил затоа што можеби се срами бидејќи другарите му кажале...
    Како и да е, ти продолжи си да си бидеш како до сега со него, немој да го менуваш односот и да не му правиш муабет и се тоа, затоа што тоа би ти била најголемата грешка, верувај ми, ова од искуство ти го зборувам ;) Значи биди си како до сега, прави си нормален муабет со него, некогаш искочете заедно, а работите сами по себе ќе си дојдат на свое место. Само верувај во себе ! :*
     
  5. lovelygirl1

    lovelygirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    8
    Фала ви многу ... ама пред малку разбрав дека почнал да кажува наоколу дека јас сум сакала да се мувам со него, он несакал... незнам што да правам, како да се понашам пред него, дали да не го погледнам или... ??
     
  6. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Ако навистина имаш толку години како што си пишала ја ќе ти дадам многу искрен совет, ако сакаш послушај ме ако не сакаш не мораш. Прво си многу ама премногу млада за да си ставаш се при срце. Друго, во твојот живот ќе има уште многу многу симпатии. Јас знам како ти е, како и сите од нас тука, зошто сето тоа сме го поминале. Доколку е вистина дека тоа го зборел мислам дека не е за тебе, а зошто? Затоа што тоа што ти имаш симпатии за него е само твое, и нема зошто тој на сите да раскажува, ако не сака, не сака, сигурно нема нож по грло да му ставиш. Значи тој сака да се прави фраер. Ете тоа покажува колку сте се уште млади. Па зошто да си имаш уште сега вакви маки.
     
  7. Philosopher

    Philosopher Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    Немај гајле ;) Не е ни прв ни последен шо така зборувал. Едноствано се филмал и си праел екскурзии на мозок... Разговарај со твоите другари и дознај го нивното мислење за него и неговото мислење за тебе.
    Ако стварно му значиш, оди до крај и не се откажувај. :!: Но ако не е „вреден“ остај го одма и не се замарај поише за тоа. Нема да е последен... Сега малку ме збуни тоа што го зборел за тебе...А најверојатно не е така. :^) т.е очигледно е. Ако он ти давал толкава надеж за вас двајцата, зошто па да не сака сега?! :^) Ти сега прави се дека ништо не си слушнала за тоа...А и продолжи го контактот со него, но не биди премногу нападна и гледај да не испадне дека му се „муваш“.
    Бев во слична, да не речам иста ситуација и на крај се си беше ко шо треба. :) :*
     
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Не направи никаква грешка ти можеби на детето не му се правело муабет... Сега остави сами да течат работите повеќе зборувајте во живо можеби ќе има ефект :* :*
     
  9. Lilik

    Lilik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    6.242
    Пол:
    Женски
    Poveke trud da se vidi dali I on vas ve simpatizira pa ako e se vo red:D