Па вака сеа шо прајте вие ако некој шо ептен ви се сфиѓа не сакате да го изгубите? Значи си пишувам со детево на ем ес ен и онака срцка ваму таму али у живо е камен! Ја обично си практикувам топло - ладно игрички али овој стварно ми се сфиѓа и не сакам да го изгубам а у меѓувреме сакам да го држам заинтересиран за мене... Мислам дека нема што многу да должам, барем половината од вас сигурно се нашле у ваква ситуација сеа само ме занима што понатаму да правам оти некако и ми се чини дека чоеков губи интерес Фала однапред
Е па вака сеа, ако ептен ти се сФиѓа, а си пишуваш со него на ем ес ен , и ти е онака срцка, а ептен ти се сФиѓа и мене ме занима шо би напраила. У ваква ситуација не сум се нашла. Ќе ги замолам модераторките да интервенираат додека не ми извадило очи ова Ф во сфиѓа
Што понатаму? Па збори со него, кажи му дека тие симпатичен прај муабет со него, пријди му и во живо... аман не сме 19 век па да чекаме тој прав да ни пријде за МУАБЕТ. Збори со него ќе видиш и он ќе се опушти, ако е така срцкаст на мсн тогаш и во живо ќе ти покаже ако нешто чуствува за тебе. Пријди му, напрај му муабет, следниот пат он прв ќе ти пријде и така.... нема ништо комплицирано тука. Остави работите нека си течат после сами по себе
Девојче, и ја сеа сум во слична ситуација. Едно дете што ја сакаше другарка ми ме прашуваше мене за неа нешто ваму таму и ја некако сакав да ги зближам, ама другарка ми ич не беше заинтересирана за него. И сеа ја прашувам дали го сака ова она и она мртва ладна ми вика: НЕ, ИЧ НЕ Е УБАВ. ГРД Е ! И ја сеа се зачудив, првпат вака да ми каже, никогаш до сеа не била таква. Добро, со детето добро се запознав, супер е и ептен ми се засвиѓа. На MSN се допишуваме, надвор се глеаме. Не учи во моето школо (во Лазо Трповски) туку во друго (Јан Амос Коменски). Блиску се школите, али за време на зимскиов распуст надвор излагаше со другарите и ја со моите другарки и некако се спријателивме. Коа он почна да ја мрази више другарка ми што рече така за него, мислам дека и он е заинтересиран за мене. Али во последно време го нема на MSN и досадно ми е некако. Имам негов број и срам ми е да му пишам. Кажете што да правам !
Па ако веќе му иам број (пошо ја му неам) би го прашала како е што е пошо знаеш го нема на ем ес ен и тие ствари да не се случило нешто... Алии проблемот е шо ја сеа така викам и после на крај ако испадне да се одлучам и све да му кажам коа ќе дојде ред на тоа ќе изгубам храброст и ќе се праам ко шо? јас? нее.. Али мислам дека ако ја би била у твоја ситуација би му пишала и ми го прашала зошо го нема никаде..
Играј ластик, жмурка и граница! Што ви е бе деца бе, во основно ли почнувате со вакви работи...Има време, нека ви пораснат прво женски делови, кај се брзате.
Абрее деца.. камо јас да го имав овој "проблем" Што е филозофија ако го имаш бројот? Зашто срам да му пишеш ако се дружите.. па нека биде од типот кај си, се изгуби ајде некое кафе да договориме. Не сфаќам стварно тука и НЕ гледам проблем Вие што мислите? Дека така одма треба да му кажеш леле колку те сакам?! Епаа не.. не се така работите Прво ќе почнеш другарски па после што ќе донесе времето... Ама ја мислам да не се замарате толку пошо ова се стварно глупости. Ја се изнасмеав Ајде со помалку срамење, и да ни кажете што сте направиле
Јас стварно незнам што би направиле ние во случајов? Како можеме да помогнеме? Зарем ти неможеш да си размислиш што би направила во ваква ситуација која и не е којзнае каков проблем? Се на готово да се сака бре еј мајката ...
Ај пролистај на гугл, ќе најдеш некој со сличен проблем. -.- Yahoo е врвот обично. Мислев кој знае што дискусија е створена на темава. Ама да не сум многу дрска, ако ти се свиѓа и сакаш да е твој, go for it. Мислам дека она што сакаш е тој да се загрее кон тебе и да трчкара наоколу.
Ама така е, како си сфатиле здраво за готово дека некој друг ќе им ги решава проблемите и ќе дежура да ги советува... Па нас кој не советувал? Ако толку ви се допаѓа смислете начин како да го добиете, а не за секое едно нешто трк на форум по совет, на крај краева сигурно не сте толку закржлавени и знаете како да постапите во даден момент.
Па ја мислам ако толку ти се свиѓа, пардон сФиѓа типацов, му идеш и му избацуеш ци*ка. Чекаш по некоја минута да вииш дали ќе падне на дупе онака поштено, а ако не падне ондак нишо батка, барај некој друг на Ем Ес Ен, асл, плс, ово, оно, држ, не дај, трт, мрт, вака, така... ме разбираш. Али секако на тебе е да одлучиш, мислам, ако сеа ептен не моеш да го извадиш од глаа па кажи му бе, напрај му муабет, речи му - јао мали како ми се свиѓаш, пардон, сФиѓаш, дај бе покажи малку интерес, поукни ме малку да му се сневиди! Шо сум ја тука, кој фактор сум у целава прича?! И тако то, конташ *ова требаше да оди во дијалект. Се извинувам за промашената тема и за благата иронија, ова беше посилно од мене. Сега сериозно, девојче проблемов ти е најсериозно никаков, значи нема проблем. Не можеш никогаш, никого да натераш да се интересира за тебе. Со сила. И мислам дека совет не ти ни треба затоа што на вакво нешто совет не ни може да се даде. Единствено да го киднапираме сите колективно типот и да го уцениме со нешто за да почне да покажува интерес Ајде уживај, на твои години треба да уживаш а не да мислиш теории и комбинации како да се спојат ѕвездите и сите соѕвездија за вие двајцата по секоја цена да бидете заедно. п.с. За ци*ката нормално - се зезав. Да не ме криви мене после некој - еј оваа му се соблече, некоја Пирамида така ја советуваше
Продолжи да контактираш на мсн со него но никако немој топло ладно да си играш зошто може да се навреди обајви си сингл на фб и пробај во живо кога ќе се сретнете да имате подолги разговори
Значи дечки дечково имаше женска, но раскинаа. Во моментот кога раскинаа таа не беше тука, туку во странство и сеуште е. Ние излагаме два месеци, секој ден. Но некако се чуствува дека бившата не му е целосно избришана. Но за овие два месеци многу се зближивме, значи ептен. Ден без да се видиме не можиме да замислиме. Но доаѓа време за тој да тргне факултет, а јас гимназија. Значи ќе оди у Скопје Страв мие. БИ сакала да сме во врска, и да имам доверба. Што да правам?
...за се треба двајца....посебно ако се има симпатија од двете страни не е важно кој прв ке почни муабет или ќе се јави на тел,мсн фб....некои сме срамежливи некои похрабри...не е лошо едниот да почни шо се вика да го скрши мразот и се да продолжи тековно....има ситници,гестови,пораки по кои можи да се осети дали стварно си се бендисвате или не. дали би вредела или не маката..хахаха... . ..е сега доколку нема двострана симпатија исто лесно е да препознаеш... ... . мое мото е ако не се обидеш/ризикуваш никогаш нема да знајш што и како би се случило и одвивало...... ,,, ,,затоа само напред,денешните женски се јаки и полни со самодоверба да истрпат успех ама богами и неупсех ако се мора.....