За темава инспирација ми дојде од некои видеа на Јутуб, како и threads на некои онлајн платформи. Што би кажале на некој помлад од вас? Која е лекцијата што ја научивте подоцна, а би сакале да ја знаевте порано? Јас би рекла, да мислите со својата глава, а не со менталниот склоп на родителите/други блиски. И да не се плашите од грешки, бидејќи така се учи.
Пред било што да правите,добро размислете за добрите и лошите страни.И секогаш слушајте го својот внатрешен глас.
Што би кажала? Не оправдувај никого, не толерирај чести испади, доверба во најблиските и немој јазикот да ти биде побрз од мозокот. Да го практикував ова почесто, ќе беше поинаку.
Посакувам да знаев дека не секогаш крајниот исход во одредени ситуации зависи само од нашето вложување. Најчесто е така, но има и исклучоци. Не е животот секогаш фер.
Live a little. Or a lot. To all uptight a*ses out there. Минете низ сите фази што треба да ги поминете во животот, уживајте го секој момент како деца, како тинејџери, како возрасни личности, мислете што правите попатно, правете го она што го сакате, борете се за тоа што го сакате, пробајте, грешете, и после пробајте уште неколку пати повтроно- живејте! Не е филозофија во прашање, туку начин на живеење. А животот е премногу краток за да си го губите времето.
Втората шанса најчесто нема никакво значење. Луѓето не се менуваат. На прво место ставај се себе, секогаш. Биди си сама на себе приоритет. И кога сите ќе те напуштат, ќе се имаш себе. Нема резерва тука, мора да се грижиш како за физичкото така и за менталното здравје. Научи да одмораш. Не дозволувај да се истрошиш сосема. Брзаш да го наполниш телефонот пред да почне да светка црвено. Истото нека важи и за тебе. Пријатели ретко се наоѓаат. Повеќето се познаници што се тука за пиење кафе или некоја чашка вино, за лудување во кафана се први, кога е тешко ги снемува. Искажувај ги чувствата почесто и повеќе. Прегрнувај ги оние што ти значат, цврсто. Кажувај им дека ти значат. Убавите моменти живеј ги со полн здив. Се' може да се врати и да се поправи. Само времето што поминало не. Затоа не мисли толку на утре, уживај денеска.
Ако нештото со кое се оптеретуваш во моментот нема да има никакво значење по 2 години, престани да се оптеретуваш бидејќи не вреди. Пази кому веруваш и на кого се доверуваш, ретко кој ти мисли добро, повеќето ќе те слушаат за сеир и оговарање. Доволно е да имаш еден или двајца луѓе што ќе ти бидат најблиски. Со другите имај чисто пријателски однос, но повеќе на дистанца. Бегај од токсични луѓе. Ти ја цицаат енергијата, постојано некој друг им е крив, секогаш има некоја тензија со нив. И најбитно, кога си со нив не растиш како личност и после секоја средба се чувствуваш истоштено. Дружи се со луѓе кои се добри за твоето ментално здравје и те инспирираат да си подобра личност. Со нив растиш постојано. Не дозволувај светот да те направи ладна и бесчувствителна личност. Емпатијата и добрината се најдобрите карактеристики што може еден човек да ги поседува. Во ред е да се прават грешки, во ред е да имаш неуспеси. Вистински губитник не е оној кој ќе падни 100 пати, туку оној кој нема да стани на 101виот. Грижи се за твоето психичко здравје, пред да се грижиш за физичкото. Повеќе боли каењето за нештата што не си ги направил отколку за оние што си ги направил. Животот е еден, живеј го онака како што ти е најубаво. Бидејќи утре можно е да ти е последниот ден.
Не треба да ги ставаш своите желби во втор план за да им направиш ќеиф на другите. И на крај нема да ти кажат фала. Најбитно е здравјето. Џабе ти се пари ако здравјето не те служи како што треба. Не дозволувајте друг да ви кажува како да си го живеете животот. Не треба да се верува на секој. Искористи ја секоја шанса. После може да биде касно.
Ако знаев ко помлада, нешто од тоа што денес го знам... тогаш немаше денес да бидам ова што сум. Се' што требало да помине, со моменталното знаење кое сум го имала, поминало. You are the sum of your experiences.
Искористи се што ти се пружа на патот. Биди борбена и бори се за се. Не се плаши од ништо. Еднаш живееме, направи се за да не мислиш после како нешто би било ако би било. Не слушај никого, ти си го живееш својот живот, а не другите, нема право никој да ти кажува како да живееш. Не се плаши да преземаш ризици. Искажувај си ги сите чувства, не се плаши да кажеш те сакам. Ако не пробаш нешто нема ни да знаеш каков ќе е исходот. Не мисли 2 пати, направи се за што имаш желба. Ништо не може да биде полошо од тоа воопшто да не ни пробаш да направиш нешто. Секогаш наоѓај време за саканите и прави многу спомени и фотографии со нив. Животот брзо проаѓа, а тие спомени најмногу се паметат.
Уште нешто заборавив да пишам.... Биди без влакна на јазикот. Сфатив дека таквите поубаво си поминуваат во животот.
И повеќе од 2 пати да размислат како да постапат пред да дејствуваат. Да не бидат наивни. Да не ја наведнуваат главата и да не го вртат грбот кога доживуваат непријатности,особено огромни неправди. Да бидат храбри.
Многу работи не се толку страшни како што си ги правиме дека се ние во имагинацијата пред вистински да ги доживееме.
Па и јас не сум скроз имуна на нервозите, ама за разлика од порано, бајаги поинаку е. Со годините си иде
Посакувам да знаев дека тие тинејџерски години секогаш ќе ги опишувам како најубавиот период од животов, немаше да брзам толку да пораснам и да трчам пред времето.
Што збориш,бе? Пишав што им кажувам на други,особено на помлади.И другите пишаа што би им кажале/што им кажуваат на помлади,и тоа е дел од темата,од аспект на сè што доживеале и научиле,а воедно и себе си се потсетуваат за да имаат памет за друг пат. Прочитај го убаво воведниот пост на @Sejfullai . Не треба да се тресне нешто пред да се разбере поентата на напишаното.
Да простиш некому еднаш е нормално, си велиш може знае дека згрешил и се кае за тоа, па ајде да му дадеш втора шанса. Ама да простиш на истиот човек по втор пат било навистина лудост. Наивна сум била што некои луѓе добија трета шанса која и таа ја прокоцкаа, бездушно ја фрлија во вода. По трет пат ни во сон не се простува. Да ми беше паметов некои луѓе ни втора шанса немаше да добијат, а камо ли трета. Ама животот е искуство, додека не се изгориш убаво не ти доаѓа памет.