Учи, живеј, уживај, и пред се не биди наивен/наивна. Не молчи кон неправдата. Изгради цврст карактер било да си маж/жена. И пред се успевај! Биди успешна во секое поле, труди се!
Во животот не сум направила некои работи кога требало, а сум можела и сум сакала, но сум немала храброст и сега се каам. Па поради тоа некој помлад би го советувала да прави се што ќе посака, да ја искористи секоја шанса што ќе му ја понуди животот, за подоцна да не се кае.
Да додадам: Не се извинувај и не се оправдувај. Другите и онака си ги толкуваат нештата како што им одговара. Или па воопшто не си ги ставаат на памет твоите проблеми. Затоа не мора да се мачиш да споделуваш многу. 80% од нештата за кои се грижиш или не се случуваат, или ти немаш никакво влијание врз нив. Не можеш да ги спречиш. Затоа, chill out
Извини се кога си погрешил , круната не паѓа . Прифаќај извинување , доколку личноста е свесна за својата грешка и искрено се кае . Не ги жртвувај своите нерви за луѓе кои не го ценат тоа . Не им се објаснувај на луѓето кои и онака не ти веруваат . Мој омилен цитат на темава со луѓето и нивните озборувања : And to the rest of the world, God gave you the shoes That fit you, so put em on and wear 'em And be yourself man, be proud of who you are Even if it sounds corny, Don't ever let no one tell you, you ain't beautifu ..
Грижи се повеќе за себеси, а уште повеќе за твоите родители. Не троши време, внимание и нерви на небитни луѓе. Ти си побитна. Не труди се да им помогнеш на некои луѓе, не секој сака помош. Помагај им повеќе на животните. И нив им е ладно на зима, и тие се гладни, и тие сакаат внимание и љубов. Не си карпа, и ти имаш чувства и треба да си дозволиш да плачеш, да сакаш и да одмораш. Држи се понастрана од луѓе кои некогаш ти наштетиле, ако им дозволиш пак ќе го направат истото. Се` ќе помине. Материјалното не може да те направи среќна, не се лажи себеси. Научи да уживаш во самотијата. Да си сам и да си осамен не е исто.
Премлада сум и сега, ама има некои работи што ги сфатив: -секој ден треба да се бориме за утре да бидеме подобра личност; -среќата е внатре во нас, само треба да научиме да ја пронајдеме; -тие што некогаш ве навредиле, успејте и гледајте ги нив на дно; -ако некој партнер ве повреди, не си го кршете срцето, тие ќе сфатат што изгубиле и ќе ве молат; -создајте мал круг пријатели и ценете ги максимално; -не простувајте, секој знае што прави; -не се вртете вие околу светот, направете тој да се врти околу вас; -БОРБА-борете се лавовски, зграпчете се што ви се нуди во животот и уживајте.
Многу рано влегов во пубертет, природно сум си малце thicc. Посакувам да знаев да не го земам при срце fat shaming-от од страна на сите што покасно влегоа во пубертет, нив кармата ги удри по мев . Јас сум си сега иста, за мои години згодна. Они се ко чичиња и тетки. Посакувам да знаев да извадам бг државјанство кога го даваа гратис. Сега ќе си живеев на море. Посакувам да знаев дека е во ред да имам помалку другарчиња, не мора секого да трпам во друштво. И едно другарче да имаш не е битно, битно е да е вредно. Посакувам да знаев повеќе да се забавувам, креирам и учам тоа што ме влече. Кога ќе се сетам само колку време и нерви сум изгубила на работи кои не ме интересирале. Посакувам да знаев дека за повеќето работи не вреди да се стресуваме, само без потреба си го уништуваме здравјето.
@Gosh наминав истото да го кажам. Убедена бев дека сум дебелка, а тек сеа гледам дека сум била препичка, јер сеа стварно сум дебела. Ова зборам за период 8мо и 1ва, 2ра средно.
Seuste sum mlad, no godini nanazad bi sakal da znam deka vremeto pominato so onoj koj te donel na ovoj svet e poskapoceno od se... Bi pominal mnogu mnogu povekje vreme so svojata majka i ne bi staval nekoi drugi raboti na prvo mesto pred nea... Zivotot e nekogas mnogu surov i kasno sfakjame nekoi raboti za zal.
Како да бидам поекономичен со пари. А да, и чувај си ги мислењата за себе, ретко кој нема да ги сврти против тебе.
Никогаш не давај повеќе од две шанси на еден ист човек, луѓето не се менуваат ако не сакаат сами, а ти неможеш да ги смениш никогаш. Не верувај секому, немаат сите исто срце како што имаш ти. Слушај ја интуицијата. Не се стресирај за моменталните тешкотии што ти ги носи сегашниот момент зашто во иднина ќе ти изгледаат премногу едноставно и ќе си речеш ех камо само за тоа да се нервирав. Не се замарај со туѓите мислења, секој те доживува од своја перцепција па макар бил најдобриот/најдобрата. Имам уште да учам од животов, затоа што тоа и е животот една голема школа, а ние вечни студенти.