1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што посакувате да знаевте како помлади?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Sejfullai, 5 февруари 2020.

  1. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Ништо повеќе од тоа што знаев, а помалку од тоа што го искусив...
    Учам само од мојата животна лекција.
    Ништо не е исто и повторливо.
    Моќта на интуицијата е половина патешествие.
    Нема ништо итно, освен луѓе што задоцниле.
     
    На Nigredo Odor, Nightwish11, dayla и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    4.329
    Допаѓања:
    91.525
    Пол:
    Женски
    Да знаев како да кажам Не.
    Да имав свое Јас.
    Да знаев тогаш да не верувам на секого да знаев како да се заштитам.
    Да не зависев од никого.
    Но, лекцијата научена животот променет.
     
    На Elenpelen, Indiegurl, Sweetlove_0312 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Да бев посилна и решителна.
     
    На Dentina, Elenpelen, pdb123 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Ciel

    Ciel Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2019
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    2.128
    Пол:
    Женски
    Колку е суров животот.
     
    На hermosa, pdb123, Sweetlove_0312 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Summer16

    Summer16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2018
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Колку неправди има на овој свет, колку луѓето се себични, лицемерни и немилосрдни....
     
    На hermosa, pdb123, Sweetlove_0312 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Најнови мини лекции

    1. Спиењето НЕ Е залудно губење време.

    2. Прво моите потреби, потоа се' друго.

    3. Без брзање. Сум чекала јас многу, можат и другите да ме почекаат.

    4. Со сила можеш да земеш, но да дадеш нешто на сила не можеш. Истото важи и за совет, знаење, мислење. Ако некој решил да не го земе предвид тоа што го кажуваш, џабе везеш:)
     
    На SINOLICKA_123, Dentina, Summer16 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Да знаев дека и на 20 години нема да има корист од мене
     
  8. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Не носи долготрајни одлуки базирани на моментални чувства.
     
    На Dentina, pdb123 и PrettyDramaQueen им се допаѓа ова.
  9. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.796
    Многу ме замисли темата и размислував долго време.

    Скоро на никој не му е важно твоето мислење и не го ни сака. Ретко кој ќе замислиш или ќе го натераш да се премисли. Тешко е да знаеш колку всушност си ирелевантен.

    За повеќето луѓе само непосредното крвно семејство (и евентуално еден пријател) е важно. Не сакаат да го прошират тоа семејство со „надворешни луѓе".
    Ова сѐ уште го учам. Како личност без брат или сестра, мал број на роднини на приближна возраст (а прашање е и колку карактерно се поклопувам), сакам да си создадам свое „семејство" од пријатели. Не оди баш најсјајно.

    „Правда" и „овој свет" ретко одат рака под рака. Then again, секој има различна претстава за правда...

    Социјалните мрежи уништија многу човечки вредности и се изгуби целата поента зошто постојат. Направија уште повеќе да се споредуваат луѓето и секој да си зема многу поголема слобода отколку што би си зел во реалниот живот.

    Тешко, ако не и невозможно, е да си оригинален во своите размислувања. Сѐ било сфатено уште многу одамна, ние само преџвакуваме стари идеи на нов начин, мислејќи дека сме кажале којзнае каква мудрост.

    Никогаш нема да го сфатам критериумот по кој одредени луѓе се сметаат за „кул".

    Политиката (светска, наша, било каква) често е bullying и алчност, со „дипломатски" и „културен" изглед.

    Нѐ контролираат давајќи нѝ премногу информации така што веќе не знаеме ни што е вистина, а што не; плус, нѝ го одвлекуваат вниманието од важните работи (од дрвјата не ја гледаме шумата).

    Супер е тоа што се бараат и добиваат права, но се претерува. Либерализмот, нео-либерализмот, како и да се вика, нѐ доведува до модерен фашизам. Нема да смееме да кажеме вистинско мислење од страв дека ќе бидеме осудени.
    Ја споменувам по 100-ти пат „1984" од Орвел, ама кој ја читал, знае. Нѝ следи модерна верзија на newspeak.

    Премногу луѓе сакаат да се истакнат со својот интелект; се оди до тој степен, што всушност престануваат да учат и да размислуваат, туку само го повторуваат тоа што порано го научиле и размислиле.

    Многу малку луѓе знаат, а и се трудат, да дадат критика на ненапаѓачки начин. Многу често сме преагресивни со критиките, непотребно злобни.

    Премал е бројот на луѓе што размислуваат како некој друг се чувствува, односно има премалку емпатија. И како што повеќе се оддалечуваме едни од други поради интернетот, сѐ помалку и ќе ја има. Лесно е да осудуваш некој далечен и непознат, потешко е кога го знаеш или гледаш во реалниот живот.

    Многу луѓе ретко се двоумат пред да осудат некого или нешто.

    Контрадикторно на нешто што погоре напишав сигурно ќе биде тоа што некогаш и само кај некои луѓе, степенот на твојата грубост и отвореното излагање на тоа што го мислиш е она што ќе му влијае на човек, на позитивен начин.
    Кај други, пак, тоа ќе има контра-ефект и ќе бидеш определен како напорен, хистеричен, премногу нежен.

    Зборот на повеќето луѓе нема никаква тежина или значење; не се внимава повеќе на својата чест и кредибилитет.

    Од некоја причина, на не знам кој начин, особено во САД, ароганцијата и себичноста добија статус на self-love, self-care, изговор за одржување на сопственото ментално здравје.
    Како човек што често се бори со депресивни моменти и нервози, многу е добро чувството кога се зборува за менталното здравје. Но, мислам дека се поминаа неколку граници, каде разгаленоста и дрскоста почнаа да се промовираат како неопходни за одржување на менталното здравје.

    Колку и да сум се борела против оваа идеја, а делумно и сѐ уште се борам и воопшто не ми се допаѓа, откако ме зашамари реалноста неколку пати, морав да почнам да ја прифаќам:
    Некогаш, за да постигнеш нешто, мораш да си пријател и да трпиш луѓе (не мора на секојдневна база, може и поретко) кои не ти се допаѓаат или многу те нервираат.
    Јас бев и делумно сум од тие кои кога не можам да поднесам некого или не ми се допаѓа неговиот морал или етика, го отсекувам од својот живот, за да не се нервирам дополнително.
    После многу противења, се помирив дека со дел од таквите луѓе мораш да играш политички и дека секогаш мора да проценуваш кое влијание тие го имаат врз останатите луѓе и дали тоа може да е во твоја корист.
    Ова е чиста користољубивост и нешто што го презирам од дното на душата, ама кога се работи за кариера, не може да се напредува без ова. Не мислам дека постои некој што ќе каже дека ги сака сите колеги на факултет или на работа со кои е во контакт и добри односи. Барем не тие што се поамбициозни.

    Голем дел од луѓето те ценат по шегите и физичкиот изглед, а не по мислите.

    Тешко е да си човек кој многу се грижи и многу размислува за своите и туѓите постапки, а да си опкружен со многу луѓе кои се спротивни на тоа.

    Поинтелигентните луѓе многу често се assholes, self-centered и тврдоглави.

    Многу луѓе не знаат да се забавуваат без алкохол и/или дроги, а ги осудуваат тие што не сакаат ни ги пробаат, ни да ги консумираат (барем за алкохол).

    Многу луѓе следат трендови, дури и оној што е против следење трендови.

    Штета е колку родители не ги учат децата да имаат самодоверба да се спротивстават на околината согласно сопствените убедувања, а колку пак ги учат да имаат преголема самодоверба и да газат сѐ живо и диво.

    Порано се сметав себеси за полиберална личност, но сега, споредено со новите трендови и генерации, веројатно сум категоризирана како конзервативна личност.

    Интересно е колку луѓе не сакаат правила, а целото општество и наука се базирани на правила и затоа постои некое ниво на функционалност, ред, безбедност и сигурност. Велам ниво, бидејќи секое општество и држава не се исти.
    Истото важи и за правилата на меѓучовечките односи; мал број на луѓе реално би можеле да го прифатат секое однесување на некого. За повеќето, почитувањето на тие правила е тоа што ги зближува со некого и што им влева доверба.

    Не ја сфаќам потребата да се испроба сѐ, дури и тоа што знаеш дека не сакаш да го правиш во иднина, само за да видиш како е.

    Смешно е како цело основно и средно образование луѓето се тепаат да докажат дека не сакаат да учат и се „кул", се забавуваат, а потоа цел факултет и живот се тепаат да докажат колку се учени, но без многу напор, бидејќи се многу интелигентни, природно лесно им оди.

    Сѐ уште не научив како во реалниот свет (не на интернет) да имам tough skin. И го сметам за еден од најголемите мои неуспеси.

    Уф, доста е, се преисцрпив, кога ќе ми текне нешто плус, ќе напишам пак :)
     
    На winnie02, Vikktorr, st-el и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.574
    Допаѓања:
    12.777
    Пол:
    Женски
    Да ја знаев од најраните години мојата другарка која ја запознав дури сега пред пола година и се здружив а дотогаш немав ниту една искрена и добра другарка како неа, сите користољубиви и самобендисани.

    Отсекогаш да се хранев со здрава храна и да знаев дека водењето здрав живот е од најголема корист и дека никогаш нема да се лажам себе си дека нема гајле да јадам брза храна, колку и да се јаде не било ништо страшно демек.. хах.
    Цигарите да не ги почнев никогаш да ги пушам бидејќи се најштетни во организмот и негативно делуваат врз здравјето и не е соодветно да се вежба и да се пуши цигари.- оставени се засекогаш

    Да бев многу повеќе снаодлива порано, да не чекав од другите помош кога никој не се грижи за моите потреби, секој се грижи за своите гледајќи ги нив од таа страна колку се себични суштества.

    Да знаев дека можам да одам на некаков спорт, како одбојка, кошарка, веслање, тенис .
    Сега имам поголеми обврски со учење и факултет, затоа не би можела да се запишам. Сепак ќе бев повеќе активна.

    Повеќе дружељубива да бев и помалку срамежлива и најмаксимално опуштена и безгрижна како што сум сега.
    Да знаев дека не треба премногу да се плаши човек , како што расти така станува повеќе храбар и силен да може да помине низ секакви работи. Од ништо да немав страв. А сега никаде не се плашам. Имам храброст, што велам јас и мечка да погалам.


    Уште сум млада јас имам уште шанси за промени во животот и лекции.
    Секоја нова лекција е нов чекор кон иднината да биде најуспешна и најсреќна.
     
    Последна измена: 15 март 2020
    На Elenpelen и pdb123 им се допаѓа ова.
  11. Nightwish11

    Nightwish11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.998
    Пол:
    Женски
    Da bev pohrabra poresitelna I da znaev deka postojat zli luge.
     
    На злоба, hermosa, Sweetlove_0312 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.796
    Ајде уште нешто што ми текна :).

    Во одредени ситуации, сите знаеме да бидеме контрадикторни и постапуваме спротивно од она што сме проповедале. Не е толку ретка појава колку што сакаме да мислиме.

    Мислам дека не постои 100% либерална личност. Дури и најлибералниот има граници до кои прифаќа нешто, макар тоа било и конзервативноста на другиот.

    Самоуверените, сигурните во себе луѓе не чувствуваат потреба да се докажуваат секому и за сè и знаат да прекинат пред да настане или да се продолжи расправијата, бидејќи нема поента.

    За скоро сè што е кажано може да се најде начин да се интерпретира како да е кажано со лоша конотација. Исто, има луѓе што сè интерпретираат како да е кажано со лоша конотација.

    Кога некој нè повредува, се чувствуваме добро кога ќе се потсетиме дека секој е заменлив. Но, не нѝ е пријатно кога ќе се сетиме дека и ние сме заменливи, а понекогаш и сакаме да веруваме дека не сме. Ама сме.

    Емотивноста не е слабост, ама многу често е интерпретирана како таква. Така, непожелна е и од „потврдокорните“, ама непожелна е и од „поемотивните“, за да не биде искористена за понижувачки цели.

    Колку и да велиме никој не е должен да нè трпи за нешто, реалноста е дека буквално секој нè трпи за нешто. И дали тоа нешто е претерано или не зависи исклучиво од личноста која трпи.

    Не можеш да едуцираш некого што не сака да се едуцира. Исто, не можеш да „спасиш“ некого кој не сака да биде „спасен“. А и не секој смета дека треба да се едуцира (повеќе) или дека треба да е „спасен“.

    Најклише муабет ама, барем за мене најтешко да го прифатам, е тоа што сигурно некому нема да се допаднеш, колку и да се трудиш, што и да правиш. Всушност, најверојатно ако правиш нешто, само и ќе го влошиш нивниот впечаток за тебе.

    Сè уште учам кому да давам совет, не секој сака да го добие, а и од тие што сакаат, само мал дел ќе те послушаат. Така што, не вреди ни трудот, ни енергијата.

    Мислам дека скоро сите во одреден момент се грижиме за нечија перцепција за нас, колку и да тврдиме дека не е така и дека кој сака може што сака да мисли за нас.

    Толку засега :).
     
    Последна измена: 31 март 2020
    На winnie02, Nightwish11 и Dentina им се допаѓа ова.
  13. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    - Дека ако се има волја се може да се научи
    - Дека љубовта може да биде несебична
    - Да не го земам здраво за готово тоа што го имам
    - Дека животот секогаш ќе ти дава нова шанса освен тогаш кога ќе ти биде потребна
    - Дека има виша сила
     
  14. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Дека се е минливо и менливо
     
    На BossGirl123, Nightwish11, Dentina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Дека и сама знам одлично да функционирам и да се снајдам во се :D
     
    На BossGirl123, Nightwish11, Elf и 2 други им се допаѓа ова.
  16. ❤ Lollipop90 ❤

    ❤ Lollipop90 ❤ Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    1. Внимавај кому му веруваш.
    2. Не секој заслужува втора шанса, бидејќи ќе си платиш дупло. (Бидејќи секој знае што прави)
    3. Помогни си прво себеси, потоа на другите.
    4. Три пати мери, еднаш сечи.
    5. Не прифаќај помалку од што заслужуваш.
    6. Животот е само твој.
     
    На Nightwish11, Summer16 и Elf им се допаѓа ова.
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Дека во Македонија треба да се запишеш на факултет само за полесно да заминеш во Америка.
     
    На BossGirl123, sleepingbeauty, злоба и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    35.956
    Охооо..милион и една ствар. Затоа сега и 'дрндам' на ќерка често за тие работи:!:
     
  19. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    9.135
    Пол:
    Женски
    Сакав да знаев дека секој може да ти сврти грб и дека не треба слепо да му верувам на луѓето.
    Среќа па брзо се освестив.
     
  20. Рапунзел.*

    Рапунзел.* Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    858
    Би сакала да знам дека животот брзо оди,не те чека,додека трепнеш не си повеќе безгрижно дете ,туку роботче на секојдневните обврски.

    Би сакала повеќе да го ценам секој момент поминат со фамилијата,затоа што луѓето што го сакаме стареат додека ние растеме.

    Би сакала да не посакував да си работам за да си имам мои пари и да си купам што си сакам без да ги прашам мама и тато :rofl:

    Како и да е животот е убав,ама детството е неповторливо!