Го прошетав по втор пат кучето, кратко крукче пошто времето не ни е во прилог баш, па си направив цедевита, се измазивме со дечко ми и си легна он за на работа а јас се стационирав у удобна позиција на каучот, и ја спремив серијата за гледање, а до мене кутрето си игра со најновата играчка - мече шо свире. (Кај и да е очекувам дечко ми да не избрка надвор )
Го шетав кучето, го трчкав со стапчиња, па еве дома удрив еден џогер на паркетот, бришев прашина, па ми следува вежбање на орбитрекот и плус вежби со тегови, и после туширање и средување на вц-то. И ќе си ја смотам косата у спирали вечер, утре ќе ми дојде на гости екипата со која што се запознавме на одмор. И нормално ноќна релаксација со гледање огласи за вработување и серија. Која комбинација...
Ја изгледав последната епизода од Penny Dreadful и сега сум тажна што нема повеќе Кој ќе чека до есен...