Темата ја создавам како спротивна на Што последно си купивте? во кафе муабети. Идејата ми е од anti haul видеата на јутјуб каде се споделува кои парчиња на облека личноста одбива да ги купи. Тука може да се парчиња облека кој се моментално во тренд, а вас воопшто не ви се допаѓаат, парчиња кои за жал не се совпаѓаат со вашиот стил, или формата не ви одговара на телото, бојата и слично, или нешто што ви се допаѓа и е преслатко, секогаш кога ќе го видите сакате да го купите, но знаете дека нема да го носите, нема да е практично или немате со што да го искомбинирате па со месеци не си дозволувате да го купите. Јас често се наоѓам во ваква ситуација. Пример летово исто како и лани повторно се вљубив во овие летни ташни, особено тие што се помалечки и не идат преку рамо. Силно се воздржувам да купам бидејќи знам дека нема да ја носам, преферирам ранче, но ете секаде ги гледам и ме провоцираат. Спојлер Сигурно не сум единствена со вакви маки, па чекам да слушнам, што е последното нешто што не го купивте, од кои причини и пожелно е да споделите слика (ако има слична или е глупа темата, избришете ја)
Не е ова слично со темата- што никогаш не би облекле? Инаку он спот , овие сандали, се воздржувам а не дека не ми се свиѓаат
Ја немав видено, али па таму е баш што воопшто не би носел бидејќи не ти се допаѓа па и да платат, така пишува. Тука е нешто што ви се допаѓа за да го носите ама има причини поради кои не сте го купиле. Ми има разлика, надежно добро се изразив да е јасна идејата
Па ок, има разлика јас сандалите ги меркам а не сум ги порачала сеуште зашто многу имам потрошено последно време со планови за уште, а стотче и нешто се пустите, па муж ќе бљуцне од стрес
Одлична тема, секој ден може да пишувам овде Мислам дека ги имам, или некоја слична варијанта, некој шпански бренд, не ми текнува името. Не се удобни, ич да не ти е криво На темата, полицава не си ја купив денес... ниту вчера... Не сум сигурна дека ќе ја погодам бојата, да одговара со останатиот дрвенест мебел
Комплет еден од mymoda сакам да нарачам ама чекам плата да земам Спојлер Ако некој има порачувано нека каже искуство, да не се зезнам и фрлам пари за џабе
Ме утеши буби Убаа поличката , а да си ја земеш? Ах да,и фустанов ми е во скрин шотс од Жил Сандер ама овој ептен ми е вон прајс рејнџ, тешко дека ќе биде некад, евентуално втора сваТба ако праам
Фустанот за трудници е? Сериозно лош крој, иако дезенот е топ. А да ја прекрстиме темава, што последно не си купив и браво за тоа
Види ја колку е т'нка мор' Ќе си стаам од тие мидерите на кардашијанка шо ги продава и куршум не ме бие Реков, 3 иљадарки евричи за ф'стан, само трудна за невеста Полн фолдер имам ствари иначе, ко измислена е темата за мене, мада повеќето од финансиски причини ( читај: паре су скупе) останале некупени. Шта чеш, скап вкус Да не речите само облека сакам , еве и скулптурата книга- пеперутки би си ја купила радо, уметникот е русин ама е поише од 5000 ако добро се сеќавам. Муке сиромаха
Наочари за сонце од Pull&Bear. Требаше пред карантинов да одам да ги земам, ама нѐ затворија и толку. Гледам уште ги има, па и на попуст се, ама ни на крај памет не ми е да отидам сега... Лажам, малку ми фали да отидам, ама не.
- лошо спелувани мајци - шминки, не се ни шминкам веќе - што и да било што е целосно неон боја - ташни што се носат на рака - шишиња вода - пластични цефки - фармерки од Берска дека сум многу висока и ми доѓаат до пола
Подлога за вежбање, оти ме мрзеше да излезам (и плус не ми се даваа пари) па ќе си вежбам на старата испогазена.