Јас сфатив во смисла што не си купивте од модните трендови или популарни работи, затоа што не ви се допаѓаат и никогаш нема да ги купите, а не што сте сакале да купите па имало гужва и сте заминале па да пишуваме леб последно ќе купував, ама немаше со маслинки. Може грешам не знам, ама ако е како што мислам, никогаш последно нема да ги купам овие масовно носени влечки што сите колешки на раб ги носат и пола град. Најблиску на нив да личи што можев да најдам слика, вака нешто и кафеави најчесто, различен модел се од овие, ама ќе ви текне за што правам муабет. БЉАК, ептен глупо ми изгледаат на секоја жена.
Од каде да почнам... Не дека сум премногу штедлива (скржава), но обично не се расфрлам премногу, особено кога станува збор за облека и декоративна козметика. На пример, поважно ми е да земам нешто за нега на лицето, кожата итн отколку да купувам скапа шминка. Не ме влече и ретко се шминкам. Истото важи за вештачки нокти, никогаш не сум ставила, нема ни да ставам. За облека ќе пишам во посебен пост