Епа за кога ќе свратиш до Тетово Кога ќе тргнеш од Штул накај град ќе стигнеш до бензинска од десната страна. Епа во истиот ред неколку метри подолу има Голден роуз, Етика ти е одма пред Голден роуз. Полесно е да се ориентираш според Голден роуз пошто Етика е некако во сенка и невоочлива на прв поглед. Еве некоја тетовка може поубаво да објасни ако не ти е доволно моево. Ја првично одев специјално во Етика пошто имаа долна облека на koza, а на друго место ретко наоѓав. И сега после година дена специјално отидов ради што знаев дека имаат вакви работи и ми се свиѓаа. Има еден куп, различни. Освен ако не ги разземале во меѓувреме. Ја сакав црвени, ама тие веќе беа продадени.