И @Rose96 може да ве замолам да ми кажете за ташнава дали изгледа квалитетно и убаво во живо како на сликава? Сакам и јас да ја нарачам, па да ве прашам прво ако ја добивте, што мислите за неа? Фала ви најмногу Да не сум оф топик, последно купив Шеа путер и кокосово масло од ДМ.
Се надевам не ти смета ако е одг од мене. Имам иста црно бела со сиво,пред 2 месеци ја порачав,ми стигна за два дена. Чантичката е прекрасна,квалитетна е колку што се може за тие пари. Мене ми се скина само едното такво каде што стои долгата рачка,но не е проблем се шие. Задоволна сум,си порачав и чисто бела,ми стигна топ изгледа.
Денес треба да ја добијам и ќе ти пишам. Инаку и на братучедками и се скина ремчето, ама мене многу евтина ми се виде и затоа ја порачав.
Мене ми стигна сабајле. Вака е убава на изглед, не е многу мала ама ни многу голема. Ми се допаѓа големината,јас не сакам торбести ташна иако имам такви две. На допир е нежна и мека. Практична.
Морав вака дупло последнава да ја ставам, не сака поинаку. Плус лепак за трепки, заборавив да го сликам.