Чорапи-Чорапара (како потемно сивите чорапи за патики,земав и крем) Кармин -Орифлејм (vintage rose,преубава розева-нјуд нијанса и не ја суши устата Тенера влажни марамици ×2 Бекутан влажни марамици Бекутан шампон Кремата и карминот од Орифлејм ги земав на попуст некој,ама добри се,посебно карминот .
MUR палета, скечбук за подарок, четкичка за веѓи, лак за нокти Мејбилајн и палета Мејбилајн. Купив и моливче за очи и го изгубив негде плеткајќи се низ ташна.
Се разочарав откако сфатив дека сум го изгубила моливот за очи и не сликав, се изнервирав. Лакот ќе го видите во темата за нокти кога ќе се налакирам, моливот за жал отиде курбан (уште не можам да го преболам), со четката веќе се шминкав, нема смисла да ја фотографирам. Тетратката ја подарив, а палетата ми е сместена на сигурно. Со Мејбилајн се шминкав и ја заборавив кај дечко ми. Ако преживее од рацете на малата сестра, ќе биде добро.