1. Палто 2. Дуксер 3. Маскара Wide away - Авон 4. Потхранувачки третман за коса со мароканско арганово масло кој не се плакне - Авон.
Одамна не сум постирала што последно си имам купено, главно зошто ме мрзи. Сега научив дека може и онлајн да го најдам тоа што го имам купено, па - voilà! Многу ми се допаѓаат парчињата во Зара, ама некако ептен ми збеснуваат со цените. Овие две работи ги земав по, ај да кажам, пристојни цени. Наметкава е 1990 мкд и е одлична за есенски денови. Може да се носи и преклопена и супер изгледа. Фустанот е 1290 мкд, има едноставен крој ама е супер модерен