Два пара пижами, палета сенки, дезодоранс, ореово масло за коса, роман Мост преку вечноста од Ричард Бах.
Не знам како се вика продавницата, се наоѓа доле во подрум во ГТЦ, а цената на постелнината е 2000 ден, а на прекривачот 2500 ден.
Вака, палетата, двете карминчиња од Малена, и двете моливчиња се од истата тезга од зелено пазарче. Моливчињата мислам дека беа по 20 или 30 ден., мислам 20, ама не ме држи за збор. Карминот е 2 во 1. Од едната страна е чисто црвен кармин, а од другата е црвен сјај за финиш врз карминот, со ситен златен glitter низ него. Тој не знам искрено колку е, ми го донесоа од Грција. И фала ти.