Благодарам Јас на интернет некаде прочитав дека се препорачува за балансирање на хормоните, па почнав да ја користам веќе повеќе од месец дена. Ефектот е повеќе од одличен, да не кажам 100% ама да не пишувам детали овде, не е за тоа темата. Ce навикнав и на вкусот, мешам една мала лажичка со чаша топло млеко и една лажица мед, дури и убаво почна да ми станува
Една од моите омилени италијански линии на природна коземтика. Доколку живеете во Италија може да ја најдете во маркетите Кооп со оглед на тоа што е нивни производ (органските производи на кооп виви верде, се едни од најдобрите и најпроверените, не само козметика туку и храна). Малку состојки прекрасно одбрани, фантастични формули на производите и што е најважно цените се од 1,60 евра до 5 евра. Од лево кон десно 1. Детергент за миење на лице со прочистувачки ефект за комбинирана кожа. 2. Хранлив крем за раце 3. Хранлива крема за тело 4. Анти ејџ крема за околу очи 5. Шампон за честа употреба екстра деликатен 6. Деодоранс без алуминиум 7. Детергент за интимна хигиена 8. Освежувачки тоник за лице 1. Хијалуронска киселина (50% раствор во комбинација со глицерин) за нега на лице 2. Ладно цедено масло од ленено семе за нега на коса 3. Суво масло (dry oil) со кокосово масло и мирис на монои. Ова е едно од моите омилени масла за нега на кожата на телото. Има едноставно неодолив мирис.